Патувањата како дел од нашиот животен стил во нас будат почит за различни култури, емпатија и ја јакнат нашата глобална свест, односно ни покажуваат дека ние како единки сме дел од една многу поголема слика. Со запознавањето различни средини и системи на верување или, пак, различни начини на живот, се развива почит кон културната различност и во нас се засилува поинклузивен поглед на светот.
Ако овој текст е знак дека треба повеќе да патувате или ако патувањата веќе се значаен дел од вашиот животен стил, тогаш Matercard World Debit, платежната картичка на Халкбанк, е вистинско, премиум решение за вашите плаќања во странство зашто нуди низа бенефити и може да ги исполни целосно вашите очекувања за комфорно патување. Од моментот кога ќе стапнете на аеродром оваа платежна картичка ќе отвори едно сосема ниво на удобност и луксуз. Matercard World Debit картичката е наменета за физички лица со редовни месечни примања кои се приматели на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје.
Оваа картичка се печати на пластика која се рециклира и е со уникатен дизајн, на неа е прикажано движењето на балканскиот рис, кој е национален симбол на државата. Корисникот на ваков вид картичка добива СМС-инфо без надомест, информација за секоја трансакција и состојба на сметка, електронско и мобилно банкарство и истата е без еднократен надомест и без надомест за месечно одржување, како и без надомест за повлекување средства од сите банкомати во земјава. Кога корисникот ќе ја добие оваа картичка, станува дел од програмата Lounge Key, со која добива бесплатен пристап во ВИП-салоните на аеродромите во Скопје, Белград, Виена, Софија и Истанбул, кои се најчесто користени трансфер-аеродроми за поврзување на меѓународните летови. Оваа платежна картичка нуди поволности и за луѓето што патуваат со возило, односно корисниците бесплатно ја добиваат услугата асистенција на пат-пакет Европа од Халк осигурување која е многу значајна за сите оние што патуваат со возило.
Ние поразговаравме со неколку инспиративни соговорници на кои патувањата им се речиси секојдневие, голем значаен дел од нивните животи, и кои зад себе имаат големо искуство, за нивните предизвици и патешествија. Уживајте во нивните раскажувања за егзотични дестинации, разбудете го патникот во вас и редефинирајте ги патувањата со Mastercard World Debit од Халкбанк.
Со вашата компанија со години испишувате успешна бизнис-приказна и веќе сте регионален лидер во далечни патувања. Со кои предизвици се сретнуваат моментално туристичките агенции и како сте задоволни од работата на нашиот пазар?
Во принцип, презадоволни сме од фидбекот што го добиваме во Македонија. Пред постоењето на „Џангл“ на нашиот пазар, далечните патувања беа мошне скапи и недостапни поради потреба од организација на логистика во далечни неистражени земји, за кои честопати на интернет нема доволно информации, а и многу малку луѓе од нашата држава ги имаа посетено, за да може од блиски луѓе да побарате совет. Полека, нашите граѓани почнуваат да се отвораат за патувања на далечни дестинации. Постојат комерцијални далечни дестинации што ги работиме и генерално се „допадливи“ за сите и експедиции што се наменети за одредена публика и најголемите авантуристи. Во моментов, од делот експедиции ги нудиме Колумбија, Индија, Шри Ланка, Непал, Мадагаскар, Гоа, Кина, Тибет, Узбекистан, Иран, Пакистан, Чад, Кина, Панама, Перу, Боливија, Чиле и слично. Лани имавме група и за Антарктик. Колку и да не ви се верува, ова е реалност во нашата бранша – луѓе патуваат и на овие дестинации. Македонија во моментов сè уште го нема фидбекот што го имаат нашите колеги од Србија и Хрватска за овие експедиции, но мислам дека брзо им се приближуваме.
Најголеми предизвици се дефинитивно визите, нешто што не е случај во земјите од соседството, на пример. За граѓани од Србија, Косово, Албанија – виза за Тајланд се вади онлајн, за македонски граѓани во Анкара. Агенцијата има најдено начин колку што е можно повеќе да ги поедностави процедурите за визирање и да инсистира амбасадите да не бараат лично присуство на апликантите за аплицирање на виза. Така, на пример, за тајландска виза документи праќаме преку ДХЛ – нешто што причинува дополнителен трошок за нас како агенција и за нашите клиенти. За Филипини одговорна амбасада е таа во Атина. За жал, Филипини не можеме да ги нудиме поради тоа што амбасадата бара лично присуство на апликантите. За Бали онлајн, пред поаѓање, сите земји од регионот вадат при пристигнување во Индонезија. Македонија, на пример, е една од ретките држави во светот што мора да вади виза за Индонезија однапред. Се надеваме дека полека земјите што ни се од интерес ќе почнат да го препознаваат потенцијалот на македонските патници и ќе ги олеснат овие визни бариери. Втор предизвик се ограничениот број летови и авиокомпании што летаат од скопскиот аеродром. На пример, „Катар ервејс“ и „Флај Дубаи“ никогаш не ги продолжија своите линии од Скопје до Доха и Дубаи по завршување на короната.
Зад вас имате долгогодишно искуство организација на голем број групни и индивидуални патувања. Што сметате дека е најважно за едно патување да помине без дополнителни стресови и нервози?
Многу е важно клиентите да ги читаат документите што им ги испраќаме. Секогаш, десетина дена пред поаѓање, на нашите патници им праќаме информативна е-порака. Во информативната е-порака ги пишуваме авиоконекциите, дозволениот багаж, препораки за преседнување по аеродромите, финти за „трошење“ време по аеродроми, што да спакуваат – облека, какви бои се носат за време на сафари во Африка, на пример, како да се подготват за патувањето, што да очекуваат, какви пари да носат и слично. Не ги чита секој и не ги сфаќа сериозно овие е-пораки. ☺ Исто така, важно е да се патува со агенција што има искуство во организирање на далечни патувања, односно агенции што имаат долгогодишни соработки со странските партнери – кои ги имаат посетено дестинациите, хотелите, излетите. Ние, како агенција, на пример, првпат сме биле во Тајланд пред 15 години и оттогаш досега имаме стотици патници секоја година. Сме отишле на сите излети, сме виделе „што чини“, а „што не чини“. Тоа што не чини сме го „исфрлиле“ од програмите, за да не губат време патниците на места што локалните агенции од Тајланд ги работат со цел „збогатување на понудата“, а не и квалитетот на патувањето. За крај, најважно е агенциите со кои патуваат да имаат обезбедено искусни локални претставници и водичи на дестинациите – луѓе кои им се нонстоп поддршка на нашите патници и практично им се домаќини на овие егзотични дестинации – им даваат препораки, шетаат заедно, им даваат контекст на целото патување, престојуваат во истите хотели каде што престојуваат и нашите патници, се дружат и им доловуваат страна на дестинацијата што обичните туристи не би можеле да ја видат без „локална“ поддршка.
Според вас, кои елементи треба да ги содржи едно патување за да биде комфорно?
Авантура и излети со слободни денови помеѓу за одмор. Чисти хотели на добра локација. Според нас, комфор не значи хотел со 5*. Комфор може да биде и guesthouse во Уганда со одлични домаќини и сопственици кои егзистираат од работата на тој хотел и се превртуваат на глава за зголемен комфор на нашите патници.
Егзотичните дестинации често се на вашата агенда и со вашите аранжмани голем број туристи од нашиот регион имале можност да ги посетат. Кои предизвици ги носи патувањето на ваков вид дестинации и како се справувате со нив?
Нешто што ми паѓа на памет во моментов се јазичните бариери на пример. Во Кина, речиси никој, никогаш, никаде не зборува англиски. Ако немате претставник од агенција со искуство и локален лиценциран водич во Кина, десетина дена, на пример, воопшто не би знаеле што јадете. А би изгубиле и многу скапоцено време во планирање, губење, снаоѓање на дестинацијата. Тука се и културолошките бариери. Во кафеани и ресторани немате ножеви и виљушки, имате стапчиња. Во Јапонија не би требало воопшто да зборувате во јавен транспорт – луѓето молчат зашто не сакаат да го нарушат спокојот на другите. На Блискиот Исток се остава бакшиш, луѓето го очекуваат тоа и се навредени кога нема да добијат. Во Тајланд се јаде лута храна. Предизвиците се надминуваат со добро информирање на патниците пред патувањето, за да се избегнат непријатни ситуации и со добри претставници на агенција и водичи на дестинациите кои ги водат патниците низ дестинациите, традициите и обичаите на народот кој живее таму.
Секоја дестинација што ја нудите содржи голем број тури што ги доближуваат нејзините убавини до туристите. Што ви е пресудно при изборот на понудените тури и активности кога носите туристи во определена земја?
Локално искуство, доживување на дестинацијата, избегнување на туристички замки, запознавање со културата и обичаите на луѓето кои живеат на овие дестинации. Секако и неверојатни плажи, острови, природни убавини, национални паркови и слично. Фокусирани сме на искуство – секој излет би требало да разбуди нешто во вас. Како што кажав и претходно, како агенција се обидуваме да ги прочистиме нашите тури од непотребни работи. Можам да ви раскажам една анегдота за да ви стане јасно што сакам да кажам. Во 2019 година првпат бев во Мексико. Отидов на тура што се вика Исла Холбош. На патот до Исла Холбош застанувавме на 15 минути на различни „локалитети“ без некоја вистинска вредност, во места каде што локаните агенции носат туристи со цел да купуваат работи, а тие да добијат провизија и слично. На крајот, стигнавме на најмагичното место на светот – Исла Холбош – остров во Карипското Море со бел песок, палми, тиркизен океан, кафеанчиња, ресторанчиња, кафулиња и без ниедно возило. Имавме еден час слободен и се вративме назад. Излетот се викаше Исла Холбош – тоа е хајлајтот и кога стигнавме до него, моравме да си одиме. Локалците ги додаваат сите овие работи со цел „збогатување на програмата“ што им дава шанса за наплата на повеќе пари за излетот. Јас лично и ние како агенција, ова не го одобруваме. Нашите излети се прочистени од вакви работи, на пример ние сме цел ден на Исла Холбош.
Како секој од нас може подобро да се подготви кога тргнува каде било на патување и што е најважно да знае за определената дестинација?
Да ги чита информативните е-пораки и сите документи што ги испраќаме до нив. И за сите грижи или нејасности што ги имаат, да ги исконтактираат нашите експерти и искусни патувачи во канцеларија.
Корисник сте на Mastercard World картичката од Халкбанк која нуди низа поволности за луѓе што често патуваат. Колку сте задоволни од бенефитите што ги имате со оваа картичка?
Картичката активно ја користам последните 10 години. Таа ми нуди бесплатен влез за мене +1 гостин во деловните зони на повеќето аеродроми во светот. Дури и не памтам каде не сум можел да ја искористам оваа картичка за влез. Во принцип, во сите вакви деловни зони имате бесплатно и неограничено јадење и безалкохолни и алкохолни пијалаци. Прилично е релаксирано и нема метежи какви што има на самиот терминал, има удобни фотелји, тушеви, конференциски сали, бироа каде што може да работите и слично. Сите преседнувања, без разлика колку долги, досега не ми биле никаков проблем само поради оваа поволност. Најдобра храна досега имам јадено во деловната зона во Катманду, Непал. Омилена ми е онаа во Истанбул, Турција, бидејќи речиси најмногу време имам поминато таму. Има тераса за пушење, добра храна, шанк со одличен коктел „Блади Мери“, билјард-маса, киносала…