Нашиот врвен топ модел Елена Реи од месец февруари престојува и работи во Азија , па така неодамна се случи повторно да биде ангажирана во новата кампања и модниот каталог на дизајнерката Дајен Вон Фустенберг. Навистина ретко се случува еден модел по втор пат да работи за светски, признаен дизајнер и тоа само докажува колку е исклучително професионален моделот за повторно да го ангажираат. На Елена Реи ова не и прв пат, имаше по неколку соработки и со Calvin Klein како и со престижната Monique Lhuillier. За белгиската дизјнерка е доволно да се спомне дека беше на листата на Форбс за највлијателни жени и според Тајм магазинот таа е рангирана како модна икона. Додека пак за нашата Реи е малку што и да се каже, нејзиниот квалитет и врвен професионализам е признат од многу светски, модни имиња. Таа за повеќе од десет години колку што работи на светската модна сцена соработуваше со најголемите имиња во модната индустрија како Jimmy Choo, Armani, Valentino, Jill Sander, Donna Karan, Zuhair Murad и многу други.
Во Мода
Македонската моделка Елена Реи повторно во фотосесија за маестралната Diane von Furstenberg (DvF)
мај 18, 2023