M3DS Academy во 2025 година е препознаена како една од најдобрите образовни институции за Game Development & Design во САД и Источна Европа, како и четврта најдобра во светски рамки. Овој исклучителен успех не е случаен – академијата гради уникатен модел на едукација, современ курикулум, личен менторски пристап и силни врски со водечките светски гејм студија. Во продолжение, разговараме со Симон Зафировски, раководител на едукација и игри, за иновативните методи, успесите и визијата на M3DS академијата.
M3DS Academy е препознаена како една од најдобрите школи за Game Development & Design во САД и Источна Европа за 2025 година. Што, според Вас, ги издвојува вашите програми и кои параметри најсилно придонесоа за ова признание?
Во 2025 година M3DS Academy е призната како најдобра едукативна установа за Game Development & Design во САД и Источна Европа и како четврта најдобра во светот. На тоа најмногу придонесе фактот што секој студент има пристап до личен инструктор 12 часа дневно. Овој пристап им овозможува брзо и ефикасно да ги надминат сите предизвици во процесот на учење. Дополнително, нашите студенти се исклучително фокусирани и посветени – нивната мотивација и дисциплина се значаен дел од нашиот заеднички успех.
Индустријата за gaming и 3D визуелизација се развива со невидена брзина. Како M3DS успева континуирано да го адаптира својот курикулум за да остане релевантен и да ги задоволи потребите на глобалниот пазар?
Нашата програма е многу робустна и сочинета од околу 500 часа што се меѓусебно поврзани, но и индивидуално достапни. Доколку се појави нова алатка или индустриски стандард, можеме веднаш да го имплементираме во курикулумот. Сите студенти добиваат доживотен пристап до материјалите, вклучувајќи ги и сите идни надградби. Убаво е што гледаме студенти кои веќе 4–5 години работат во индустријата, а и понатаму активно ги следат нашите нови часови.
Новиот програм CG Fundamentals привлекува големо внимание. Кои клучни вештини ги развива и како ги поставува темелите за понатамошна специјализација?
CG Fundamentals е резултат на долги години тестирање, анализа и оптимизација на тоа што навистина функционира. Веруваме дека најважно за секој студент, без разлика на претходното искуство, е да изгради стабилна основа. Во програмот се изучува сѐ: од креирање едноставни 3D форми, до комплексни сцени и карактери, организирани во 18 модули. Студентот минува низ сите големи гранки на индустријата – Character Design, Environment Design, Programming и други. По завршувањето, секој студент е подготвен да избере насока и да започне специјализација.
Модулот „Personal Mentorship“, со ментори како Марко Лазов, нуди поинаков педагошки пристап. Какво влијание има врз мотивацијата, дисциплината и долгорочниот успех на студентите?
Многу артисти од индустријата се идоли за нашите студенти. Ние сме во постојан контакт со голем број од нив, а навистина сме среќни што многу од тие професионалци прифаќаат да бидат ментори во академијата. Еден од нив е и Марко Лазов – наш поранешен студент кој денес работи за големи меѓународни гејм студија. Контактот и директната соработка со вакви луѓе е огромен мотиватор и значаен поттик за развој.
Имате силни партнерства со светски гејм студија и организирате masterclasses со индустриски лидери. Како овие соработки влијаат врз подготовката и конкурентноста на студентите?
Сите наши masterclasses се целосно бесплатни и јавни на веб-страницата. Тие претставуваат бенчмарк за нашата поврзаност со индустријата и им овозможуваат на студентите реален увид во тоа како изгледа работата во професионално студио – што бараат регрутерите, како изгледаат процесите и кои вештини се клучни. Бројот на masterclasses расте секоја година, а студентите – и актуелни и алумни – имаат траен пристап до нив.
Како 1-на-1 менторството ја менува динамиката на учење и им помага на студентите да изградат професионално портфолио?
Иако основниот курикулум е ист за сите, напредокот не е. Преку следење на индивидуалните потешкотии, фокусирање на слабите точки и континуирана поддршка, можеме значително да го забрзаме процесот на учење. Овој персонализиран пристап е причината што студентите градат портфолија што вистински ги одразува индустриските стандарди.
Trial пристапот што го нудите е редок во едукативниот сектор. Како влијае врз транспарентноста и довербата на идните студенти?
Никогаш не сме сакале студентите да се чувствуваат „заглавено“, па затоа нудиме бесплатен двонеделен trial период без никакви обврски. Во овој период тие можат да ги следат часовите без ограничувања и целосно да го доживеат начинот на работа. Оваа отвореност гради доверба и покажува кои студенти навистина се мотивирани и подготвени да вложат труд.
M3DS Academy има повеќе од 1.000 алумни ширум светот и 100% вработливост на дипломираните. Како го одржувате овој висок стандард и како го следите развојот на студентите по завршувањето на академијата?
Персонализираното 1-на-1 менторство ни овозможува да бидеме целосно сигурни во знаењето на секој студент и во нивната подготвеност да влезат на пазарот на трудот. Често остануваме во контакт и по дипломирањето, следејќи го нивниот професионален развој и продолжувајќи да им нудиме поддршка кога им е потребна.

