Овие медени коцки од @lostinbaking со печен фил од ореви на врвот се вистинско уживање на кое може тешко да се одолее. По вкусот потсетуваат на медовник или медова торта, но нивната подготовка нема да ви одземе толку време како класичната подготовка. Идеални се за голема група на луѓе, забави, прослави или едноставно кога треба да се задоволат многу различни вкусови.
За тесто
– 500 гр. брашно
– 200 гр. кафеав шеќер
– 2 јајца
– 200 гр. путер
– 2 лажички сода бикарбона
– 2 лажици мед
За кремот
– 300 гр. млеко
– 1,5 лажици брашно
– 1,5 лажици скроб
– 100 гр. шеќер
– 250 гр. путер, омекнат
– ванилин екстракт или ванила шекер
За филот од ореви
– 300 гр. ореви, крупно исецкани
– 80 гр. кафеав шеќер
– 120 гр. путер
– 3 лажици мед
Дополнително – неколку лажици рум
Подготовка:
Крем – сите состојки за кремот со исклучок на путерот ги ставаме во сад на оган и вариме густ крем. Добиениот крем откако целосно ќе се олади го матиме заедно со омекнатиот путер, добиената смеса ја чуваме во фрижидер се до нејзината употреба.
Тесто – состојките за тестото ги мешаме до соединуваме и замесуваме компактно тесто. Тестото го делиме на два еднакви дела, на хартија за печење првата половина ја расукуваме на тенка кора со големина од 20×40см, ја печеме во загреана рерна на 175 Целзуисови степени, 10-12 минути.
– Фил од ореви – ги соединуваме сите состојки за филот и ги загреваме на слаб оган се додека путерот не се растопи. Се додека смесата е топла ја распоредуваме врз втората половина од тестото, која сме ја расукале на истиот начин, ја печеме и оставаме целосно корите да се оладат. По потреба корите ги сечеме со нож за да имаат иста големина. Првата кора ја попрскуваме со рум, откако румот ќе се впие, рамномерно го нанесуваме оладениот крем, врз кремот ја ставаме и втората кора со ореви. Колачот го оставаме да се лади во фрижидер се до другиот ден. Со остар нож го сечеме на еднакви коцки.