Веќе е јасно дека најпопуларен модел на патики во 2024 година е моделот Samba на Adidas. Интересот за овој модел постојано расте, а на пазарот постојано се појавуваат нови варијанти и дизајни, како и соработки со големи имиња кои го прават овој модел уште попривлечен за купувачите.
Сите верни љубители на фудбалот и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, од овој месец можат да уживаат во овој модел на патики бидејќи соработката на Лионел Меси и Адидас е една од најголемите модно-спортски соработки оваа година.
Од лансирањето на соработката можеме да забележиме дека познатиот минимализам на овој модел е во комбинација со софистицирани детали, карактеристични за различни моменти од животот и кариерата на Меси. Имено белата е доминантна боја на обувките со додаток на класичните шарки во виолетова боја. На јазикот се наоѓа Месиевиот заштитен логотип во најистакната жолта боја.
Инаку, за време на Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година, Аргентина носеше виолетов, гостински дрес, за кој се истакнуваше дека сака да испрати порака за рамноправност на половите во спортот. Аргентинската фудбалска репрезентација тогаш за прв пат во историјата носеше виолетов дрес со графика на Сонцето кое се наоѓа на аргентинското национално знаме.
Меси се придружи на тимот на Адидас уште во 2006 година, додека во 2017 година потпиша доживотно партнерство со нив, што значи дека во 2024 година нивната соработка ќе прослави 18-ти роденден.