Млади уметници, графички дизајнери, илустратори, архитекти беа нашиот избор да го претставиме уметничкиот авторски стил од еден поинаков агол и да им дадеме можност да се изразат по нивна желба создавајќи единствено и уникатно дело. Заедно со East Gate Mall ги повикавме Тијана Стојковска, Јована Димитриевска, Сали Ертунч и Дејан Давчевски да се инспирираат од грандиозниот трговски центар, кој е првата фаза што се отвора наесен, во склоп на повеќенаменскиот комплекс Skopje East Gate.
Тие направија илустрации во свој стил за тоа како го гледаат трговскиот центар и што истиот претставува за нив. Со младите креативци поразговаравме за нивната уметност, начинот на кој ги создаваат делата, но и за Скопје и за тоа што ним им значи главниот град.
Запознајте ја Јована Димитриевска (@radiosilence__) талентирана графичка дизајнерка чии илустрации отсликуваат голема имагинација.
Како се одлучивте за графички дизајн и што претставува за вас илустрирањето и работењето на различни дизајни?
Бидејќи цртам отсекогаш, не можев да си замислам живот каде што не работам креативна работа и така после неколку скршнувања во патот, се најдов во дизајнот. Бидејќи сакам да експериментирам и пробувам различни стилови, за мене секој проект претставува нова, забавна можност да се изразам на различен, досега не виден начин.
Од каде црпите инспирација за делата и што ви дава креативен порив при креирањето?
Инспирација црпам отсекаде, дали се ситуации од реалниот живот, необични карактери од книги, филмови, серии или музика, илустрации од други артисти, се што буди некоја емоција, независно добра или лоша ја буди потребата за креативно изразување во мене.
Дали имате некој омилен дизајнер или уметник на кој особено му се восхитувате?
Секако имам многу уметници и дизајнери на кои им се восхитувам, но ако треба да издвјоам еден би го издвоила Oliver Jeffers, едноставно поради способноста која ја има да го претстави обичниот свет како најмагичното нешто кое постои и да не натера да гледаме на се од една друга,поинаква перспектива. Неговите илустрации и приказни имаат силна порака и секогаш ме полнат со надеж.
Како ја дефинирате вашата уметност? Што значи живеењето во Скопје за вас, и кое место ви е особено омилено? Колку сметате дека има можност за развој на уметноста и дизајнот како инспирација од Скопје?
Уметноста е нешто без кое не постојам, искра светлина и кога е најмрачно, прибежиште во кое бегам кога сè ќе тргне наопаку или пак кога ми треба момент одмор од бучавата на модерниот свет. Мојата уметност за мене претставува место со бескраен потенцијал, место каде што можам да бидам сè што ќе посакам и да создадам што и да замислам. Моите чувства кон Скопје секогаш биле тенка линија помеѓу љубов и омраза, но на крајот од денот Скопје секогаш бил дома и верувам дека така секогаш и ќе остане. Иако го сакам центарот на градот и места како парк, Дебар Маало, Музејот на Современа Уметност или Рекорд, омилено ми останува местото во кое што пораснав, населба Илинден. Дефинитивно сметам дека Скопје е град од кои може да се исцрпи бескрајна инспирација за уметноста и дизајнот, необичната спојка на стари градби, брутализмот и модерната страна на Скопје дава можност да се твори од многу различни аспекти за овој град . Особено ме радува што во последниве неколку години пратам многу артисти кои творат токму од и за Скопје.
Што претставува за вас East Gate Mall и која содржина од трговскиот центар најмногу ви се допаѓа?
Еast Gate Mall во моите очи ја претставува новата ера во која влегува Скопје како урбан и модерен град и најмногу ми се допаѓа и самиот слоган кој го носи овој мол односно спојката на природата и дизајнот кои коегзистираат во хармонија.