Штипската публика ќе има можност да ја види најноватаизложба на академската сликарка Јана Јакимовска. На18.11.2025 година во 13 часот во Безистенот во Штип ќе сеотвори нејзината самостојна изложба на цртежи и слики сонаслов Везилка. На изложбата се изложени делаинспирирани од песната Везилка на Блаже Конески. Поизложувањето во Скопје, ова е второ претставување наизложбата Везилка пред македонската публика.
За изложбата, кураторката д-р Ана Франговска ќе напише:
Проектот Везилка на Јана Јакимовска е замислен каковизуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниотсегашен момент, меѓу „женската рака“ и „машкатаисторија“. Со него, Јакимовска се надоврзува врз силнатаметафора од истоимената песна на Блаже Конески (1955), која годинава одбележува 70 години од нејзиното создавање. Кај Конески, везилката е жената која во мрежата од конец и игла внесува историја, идентитет и културна меморија. КајЈакимовска, таа улога се радикализира: везот станувакритичка стратегија, алатка за преиспитување наопштествените улоги на жената, за проблематизирање нанејзината видливост, рамноправност и општествена моќ.
Јана Јакимовска е родена во 1981 година во Скопје. Дипломира (2005) и магистрира (2009) на сликарскиотоддел на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ воСкопје. Се занимава со сликарство, фотографија, интервенции во јавен простор, инсталации, перформанси, илустрација и графички дизајн. Во фокусот на нејзинотонеодамнешно творештво преовладува телото, себството, сексуалноста, општествената позиција на жената. Имала 24 самостојни претставувања во Берлин, Њујорк, Белград, Приштина, Скопје, Гевгелија, Куманово, Кичево и Штип. Има учествувано на повеќе од 100 групни изложби во САД, Германија, Италија, Литванија, Турција, Грција, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и РепубликаСеверна Македонија. Учествувала на повеќе симпозиуми и ликовни колонии во земјава и во странство. За своетотворештво има добиено неколку награди, од кои последнатае наградата од КИЦ „Константин Мазев – Коце“ за малформат во 2024 година. Работи како редовен професор одобласта сликање и сликарски техники на Ликовнатаакадемија на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
