Hello Kitty конечно пристигнува на големото платно, откако Warner Bros. Pictures Animation и New Line Cinema официјално потврдија дека работат на големо игранo-анимирано остварување посветено на омиленото јапонско маче. Филмот се развива во партнерство со Sanrio и продуцентската компанија FlynnPictureCo., што претставува историски чекор за глобално популарниот бренд.
Ова ќе биде прво поголемо англиско-јазично филмско издание за ликот создаден пред повеќе од 50 години, кој одамна излезе од рамките на детски карактер и стана светски поп-културен феномен присутен во модата, музиката, анимацијата, играчките и дури и во тематски паркови. Иако детали за приказната, актерската постава и стилот на анимација сè уште не се објавени, студијата најавуваат дека филмот ќе ја зачува суштината на брендот – позитивност, пријателство и поврзување на културите.
Проектот претставува значајна можност Hello Kitty да биде воведена пред нова генерација фанови, обединувајќи ја јапонската традиција со холивудскиот пристап кон визуелното раскажување. Со огромната база на обожаватели ширум светот, филмот има потенцијал да стане еден од најуспешните анимирани проекти во 2028 година и да го зацврсти статусот на Hello Kitty како еден од најдолговечните и највлијателни поп-културни симболи.
