По само 17 дена од премиерата, „Барби“ заработи над милијарда долари во продажба на билети на глобалниот бокс офис, објавија од „Ворнер Брос“. Овој успех ја направи режисерката Грета Гервиг првата жена која го достигнала овој успех како самостојна режисерка на филм. Студиото објави дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните кина и 572,1 милион надвор од САД, така што вкупната заработка досега веќе е 1,0315 милијарди долари. Оваа информација ја потврди аналитичката компанија „Комскор“. Џеф Голдстин, претседател на домашната дистрибуција во САД изјави:
„Како главни дистрибутитери, често и не остануваме без зборови од изведбата на филмот, но ‘Барбилион’ ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања. Никој, освен Грета Гервиг, не можеше да ја донесе оваа меѓугенерациска икона во живот преку една духовита, емоционална и забавна приказна, буквално светот го направи розов“.
И други жени режисерки имале филмови кои достигнале милијарда долари но работејќи заедно со други режисери. „Frozen“ режиран од Џенифер Ли и Крис Бак заработи 1.4 милијарда долари, а „Капетан Марвел“ во заедничка режија на Ана Боден и Рајан Флек заработи над 1.1 милијарда долари. Досегашното прво место за самостојна режисерка го држеше Пети Џенкинс со филмот „Wonder Woman“ од 2017 година и заработка над 800 милиони долари.
По пандемијата само пет филмови успеале да имаат над милијарда долари заработка: „The Super Mario Brothers“ во текот на годинава, „Spider-Man: No Way Home“, „Top Gun: Maverick“, „Jurassic World Dominion“ и вториот дел на „Avatar“.ж