FABUspot ја отвори својата проширена парфимерија во Skopje City Mall,
носејќи поголем простор и збогатена понуда. Новиот продажен простор е конципиран според современите стандарди во индустријата и нуди проширен асортиман на висококвалитетни производи од
реномирани светски козметички и парфемски брендови. Посебен акцент е
ставен на корисничкото искуство, преку персонализиран пристап и стручна
поддршка од обучени бренд-консултанти.
Со нов концепт, поголем простор и внимателно одбрана понуда, FABUspot на
своите посетители им нуди уште побогато и поинспиративно beauty
искуство. Брендот, кој од 2016 година континуирано ја гради својата
репутација на професионалност и ексклузивност, останува верен на својата
мисија, да ги следи и носи најновите светски трендови директно до
домашниот пазар. Проширениот FABUspot не е само место за купување, туку дестинација за целосно beauty доживување во специјализирана просторија каде може да закажете некоја од следните услуги: обликување на веѓи и отстранување на влакна од веѓи и надусници со конец, brow lift и професионална шминка.
Новите услуги и унапреденото корисничко искуство се уште една потврда дека задоволството на клиентите е главната инспирација и двигател на
брендот.
По повод отворањето, FABUspot обезбедува промотивен попуст од 15% на
речиси целиот асортиман. Понудата важи од 1.4. до 3.4. 2026.


