Elizabeth Arden е лидер во категоријата за грижа за кожата, базиран на науката уште од 1910 година. Овој пат ја претставуваат првата чиста анти-ејџ природна колекција – White Tea Skin Solutions. Колекција со високи перформанси, формулирана со природен антиоксидант EGCG1, пронајден во белиот чај. Целиот асортиман за грижа на кожата ѝ дава младешка виталност и ја зацврстува за да ја врати одбранбената моќ на кожата. Секоја формула е внимателно изработена со антиоксидантот EGCG1, кој го зајакнува природниот колаген на кожата за само шест часа. Пробајте ја сензационалната текстура со чиста формула и издржливи состојки и пакување. Доволно нежна за сите типови кожа. Колекцијата White Tea содржи активни молекули што дејствуваат позитивно на одржувањето на еластичноста на кожата. Под чисти состојки се подразбираат високоселективни и ефективни природни состојки, кои се пријателски и компатибилно настроени кон кожата.
Состојки:
Бел чај – тенденциозно подготвен.
Од него се користат исклучително избраните млади листови од чајот што има потекло од Кина. Ливчињата се рачно набрани, еднаш годишно во пролетните денови од годината кога ливчињата имаат највисока концентрација на офантиоксиданти, дури повеќе од зелениот и од црниот чај.
White T-Active Complex во комбинација со природниот антиоксидант EGCG1
Масло и екстракт од бел чај што ја зајакнуваат кожата
Клучна технологија:
Природните состојки не се стабилни секогаш, па поради тоа тука сме ние со помош на науката да помогнеме да се одржи нивната долготрајност. Ние применуваме биоинженеринг-технологија да го направи природниот антиоксидант EGCG1 постабилен и да ја одржува текстурата на кожата, а истовремено да ја збогатува со антиоксидативна моќ. Формулата е веганска и содржи високоселективни природни состојки. Формулата во својот состав не содржи парабени, сулфати, минерални масла и синтетички мирис. Колекцијата White Tea е составена од природни состојки што се компатибилни за сите типови кожа, дури и за чувствителната.
Колекција и рутина:
Чекор – чистење
Гел-формула што веднаш длабински ги прочистува порите, прави баланс и ја измазнува кожата. Доволно нежен за сите типови кожа.
Начин на употреба: На влажно лице нанесете мало количество од чистачот и благо измасирајте. Се избегнува делот околу очите. Се измива со млака вода. Ефект: Кожата е чиста и мазна.
Чекор – тоник:
Двофазниот тоник-лосион без алкохол во својата формула содржи овошни екстракти што ја негуваат, омекнуваат и тонираат кожата, а истовремено ѝ даваат и здрав изглед. Доволно нежен за сите типови кожа, дури и за чувствителната. Клучни состојки: Лубеница, екстракт од јаболко, што ѝ даваат на кожата природен сјај и млад изглед. Кожата се чувствува чисто и освежено, здраво и сјајно. Доколку кожата е склона кон црвенила, овој тоник помага црвенилото да се намали за 15 минути. Начин на употреба: Тоник-лосионот се нанесува на памукче на чисто лице, наутро и навечер. Може да се нанесе и директно на дланките и со блага масажа да се нанесе на лицето. Овој производ има брзоапсорбирачка формула.
Чекор – серум:
Двофазен маслен серум со лесна, брзоапсорбирачка формула што ја обновува текстурата на кожата и ѝ дава младешки изглед. Горната фаза од серумот е збогатена со течно богато масло од бел чај, кое се грижи за кожата, додека долната фаза е составена од антиоксидантот EGCG1 и морски алги што ја обликуваат контурата на лицето, го осветлуваат и го изедначуваат тонот на кожата.
Серумот е доволно нежен за сите типови кожа дури, и за чувствителната. Начин на употреба: Откако ќе се исчисти лицето и ќе се истонира, нанесете три до пет капки од серумот наутро и навечер и нежно измасирајте ја кожата.
Хидратација – крем за лице:
Микрогел-кремот е наменета за хидратација и осветлување на кожата. Доволно нежна за сите типови кожа, дури и чувствителната. Клучни состојки: Екстракт од корен од ангелика, која го поттикнува природниот сјај на кожата. Начин на употреба: Се нанесува по серумот, наутро и навечер на чисто лице.
Чекор – крем за околу очи:
Гел-крем за околу очи што има дејство да ги осветли темните кругови. Визуелно ги освежува очите, ги ублажува темните кругови и отекувањето. Начин на употреба: Се нанесува мало количество со благо масирање околу очите наутро и навечер. Соодветно е за сите типови кожа, и за чувствителната.