Овогодинешното десетто издание на Skopje Pride Weekend 2022 ќе се одржи од 2 до 11 јуни и од 15 до 17 септември во МКЦ, МСУ Скопје, КСП Центар Јадро и Станица 26. Темата на фестивалот е Екстатични тела.
„Тематскиот фокус на фестивалот е ЕКСТАТИЧНИ ТЕЛА. Овогодишниот кураторски избор на фестивалската тема се потпира на феминистичкото и квир наследство и тековниот придонес во теоријата, уметноста и политиката, а кое ги поставува телесноста, субјективитетот и афектите како централни оски на критика, мобилизација, изведба и промислување. Со гордост ви ги најавуваме: Wolfgang Tillmans, Julie Tolentino & Stosh Fila, David Hoyle, Matthieu Hocquemiller, Patrice Desmons & Pierre Emö, Julischka Stengele, Нора Стојановиќ, Милош Коџоман и Драгољуб Бежан, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Јане Чаловски, Кочо Андоновски, Наташа Гелева, Мирко Попов, Зоран Ристевски – Бејбе, Соња Исмаил, Ивана Драгшиќ, STEAM ROOM, Александар Георгиев, Викторија Илиоска, Лора Фер, AKA Thesaur, Jasmina Tumbas, Jasmine Hearn, zavé martohardjono, J. Bouey & Sarah A.O. Rosner, ПичПрич, Hoedy Saad & Celine, Tōkyō de Ville & Divon Jane, Markiza De Sada and others“, се вели во најавата за Skopje Pride Weekend на Фејсбук.
Куратор на фестивалот е Славчо Димитров, а дизајнот на постерот е на Игор Делов.