Само преку едукација и информираност може да се постигнат вистински долгорочни резултати во однос на сексуалната едукација кај младите. Свесни за важноста од сексуална едукација намладите и оваа година брендот Surecheck реализира различни активности и кампањи со цел да се подигне свесноста кај јавноста.
„Една од клучните стратешки определби на нашиот бренд е да ја актуелизира темата и даовозможи сексуално образование за младите луѓе, во сите земји каде брендот е присутен. За да го прошири опсегот на делување, Surecheck секоја година имплементира кампања за подигнување на свесноста кај јавноста за значењето на сексуалната едукација“, велат од Surecheck. Главен фокус на кампањата и годинава ќе биде подигнување на свеста за сексуално здравје како и промовирањето на здрави сексуални навики и однесувања, со посебен акцент на темите како што се запознавање и прифаќање на сопственото тело, носење на информирани одлуки поврзани со репродуктивната и сексуална благосостојба, важноста на добивање и давање согласност, безбедни практики и одговорно донесување на одлуки. Оваа иницијатива вклучува и едукативни поенти, совети и поддршка со стремеж рушење на стигмата поврзана со сексуалното здравје и дискусиите за истото. Во кампањата покрај традиционалниот партнер ХЕРА, преку чија мрежа се спроведуваат бројни едукативни сесии и се доделуваат бесплатни тестови за бременост, се вклучија и неколку инфлуенсери со цел што посилно да се пренесе пораката до младите. „Преку негувањето на онлајн поддршката која обезбедува меѓусебно охрабрување, споделување на искуства и совети, нашата цел е уште поблиску да се пренесе пораката до младите. Оваа година соработката со Сара (@smilenkovska), Александра (@majesticat) и Ангела (@rumshtangla), овозможи форма на кампањата, тријада од информации, едукација и дискусија. Имајќи ги на наша страна овие девојки, додаде посебна тежина на кампањата, а конекцијата со целните публики се оствари многу природно и спонтано- објаснуваат од Sure Check потенцирајќи дека сите овие активности кои се реализираат досега оставаат сериозен темел за понатамошен развој и публики се оствари многу природно и спонтано“, објаснуваат од Surecheck потенцирајќи дека сите продлабочување на платформата за сексуална едукација на младите која ја предводи брендот. Со цел младите и после завршувањето на кампањата долгорочно да имаат брз и лесен пристап до сите важни информациии поврзани со сексуалната едукација, ќе биде изработена и дигитална брошура на македонски и албански јазик, која многу скоро ќе биде промовирана. “Знаењето е основа за сексуално здравје и секој заслужува пристап до точна информација, квалитетни и сигурни производи. Нашата кампања е сведоштво за нашата посветеност на негување отворени, искрени и култивирани дискусии за сексуалното здравје. Ние сме тука да ги поддржиме сите лица на нивниот пат кон сеопфатно сексуално образование и добросостојба” –изјави Ива Сотировска, претставник од Уникомс АГ – застапник за брендот Surecheck.