Денот најчесто ни започнува околу 07:00 со утринска прошетка на Мајло.

Во меѓувреме си го подготвуваме првото утринско кафе и појадок (кога времето ни дозволува).

Завршуваме со банкарските обврски, влегуваме во автомобил и го започнуваме работниот ден секој во своја режија.

Јас ги проверувам дневните нарачки и започнувам со нивна изработка, а Сандра го има првиот состанок со тимот во маркетинг агенцијата.

Букетите ги припремаме за испорака, секоја недела имаме различно цвеќе, па со тоа и сите аранжмани се единствени и неповторливи. Наше огромно задоволство е што речиси секој од нив е “по наш избор”.

Крајот на денот е за опуштање со одлично домашно подготвена паста од страна на “chef” Сандра. и чаша бело вино.


