За сите љубители на кремасти слатки како што се панакота, мус, маскарпоне, крем бруле… Dolcela носи вистински нови премиум десертни класици кои се подготвуваат за само неколку минути.
Panna Cotta, е италијански десерт со потекло од Пиемонт. Во превод значи, зготвен крем. Овој кремаст десерт, по структура е сличен со густиот пудинг, а вистинскиот вкус му го дава вкусот на малина.
Традиционалната подготовка на овој добропознат десерт е малку покомплицирана, но Dolcela Panna Cotta со прелив од малинa се подготвува за само пет минути и без готвење. Резултатот е совршенство од вкусови на кои нема да може да им одолеете. Уживајте пoлека и оставете да се топи во вашата уста. Сепак, секој има право на благо, нели?
Освен како поединечен десерт, Panna Cotta кремот од Dolcela може да послужи и за други рецепти како основен крем што ќе даде специфичен вкус во торта, колачи или како пудинг со мешавина од вкусови.
Пробајте го кремот во:
Шармантна шарлота со малини, пишкоти и крем од панакота. Освежителната торта е совршена за лесен десерт, а е готова за отприлика еден час.
Состојки:
250 г пишкоти
200 мл млеко
1 Dolcela ванилин шеќер
1 лажица овошен ликер
За кремот:
1 Dolcela Panna Cotta со прелив од малина
250 мл ладно млеко
200 мл слатка павлака (без шеќер)
200 мл слатка павлака
1 Dolcela ванилин шеќер
300 г малини
Листови нане или цветчиња од лаванда за украс
Подготовка:
Пишкотите исечете ги на висина на калапот за торта чие дно се вади. Кратко од едната страна потопете ги во млекото во кое сте додале претходно ванилин шеќер и овошен ликер, а потоа наредете ги во круг околу работ на калапот за тортата. Дното на калапот исто така обложете го со пишкоти. За подготовка на кремот во сад за матење додајте ладно млеко и слатка павлака како и мешавината за подготовка на панакота. Мешајте со електричен миксер на средна брзина една минута за да ја добиете посакуваната густина. Кремот нанесете го врз подлогата од пишкоти и ставете ја тортата во фрижидер да отстои 30 минути. Слатката павлака изматете ја во шлаг заедно со ванилиниот шеќер, а потоа ставете го шлагот рамномерно врз кремот од панакота. Повторно ставете ја во фрижидер за добро да се излади. За подготовката на преливот од малина ставете ја во 50 мл ладна вода содржината од кесичката од Dolcela и мешајте со маталка. На ладната торта извадете го калапот и наредете го горниот дел со малини и украсете со нане или цветчиња лаванда.
Послужување:
Пред да го послужите парчето торта прелијте го со една лажица од преливот од малина.
Совет:
Пишкотите редете ги со шеќерната страна залепена за калапот. На тој начин пред да го извадите калапот шарлотата ќе биде подекоративна.