Динамичноста на големите градови и брзината на градското темпо, започнувајќи од утринските часови, сѐ до вечерниот ритам на ноќниот живот, иако навидум за некого е можеби премногу, сепак сето е сржта на урбаниот сјај на секоја метропола. Враќајќи го фокусот кон дома, Скопје дефинитивно може да се мапира како дел од урбаната балканска трансверзала, но она кое е движечката сила на врвот на убавината на урбаното Скопје е сепак храната и вечерната забавна атмосфера.
Во уникатното море од безброј локации за исполнување на денот и ноќта во Скопје, неискусниот член на урбаната фела може да се најде на прагот на неодлучноста за лоцирање на вистинското место за доручек, кафе дружење, ручек, вечера, а и ноќна забава. Но, искусните, знаат да уживаат максимално и единствено во најдоброто и ништо помалку, – и тоа со секој вкусен залак и со секој добар бит на најдобрите ДЈи, бендови и ноќни уникатни журки во главниот град.
Дistrikt Bar & Kitchen и покрај тоа што постои веќе 8 години на скопската урбана сцена, не престанува да се трансформира кон подобро, а паралелно успева да го задржи стилот на чик-централна локација и под сончевата и под месечевата светлина.
Острината на раниот есенски ветер, покрај другото, во срцето на Дistrikt носи нешто ново и поинакво, а воедно и неодминливо. Приближувајќи се кон претстојниот викенд, веста дека секоја сабота започнувајќи од 28.09.2024 се отворени вратите на еден нов и уникатен серијал на бранч искуство во Дistrikt и тоа со миријада од вкусови, создадени од кулинарскиот талент на Директорот за Храна и Пијалоци во Дistrikt, Кирил Ставрев, – е и повеќе од добра. Зарем постои некој кој не е подготвен да вкуси од есенските неодоливи гастрономски „дијаманти“ напладне во една скопска сабота во центарот на градот?
Тимот на Дistrikt не запира само со воодушевување со новото најавено бранч искуство, кое ќе биде седмичен деликатес секоја сабота напладне. Оваа препознатлива централна локација, полека станува и култно место за излегување. Во летните месеци, Дistrikt претстави и авангардно коктел мени, „Symphony of sensations“, кое беше ексклузивно претставено пред одбрани поканети гости, а веќе е достапно за сите посетители на најпрепознатливата точка во склоп на Скопје Мериот Хотел. Од 26.09.2024 во Дistrikt започнува новиот вечерен серијал на викенд забави, насловен како „Behind the curtains“, којшто ветува многу. Секој викенд 21 часот е почетокот на новите забави, кои ќе го вратат, или можеби поточно, збогатат ноќниот скопски живот.
Диско ритамот на 21 век допрва почнува во центарот на Скопје.
Дistrikt е можеби новиот, но сепак препознатлив магнет за урбаните хедонисти од зори до мрак, или отсега па натаму најмногу од напладне до полноќ.
Ние никогаш не сме биле понетрпеливи да ѕирнеме „зад завесите“ во Дistrikt, а чувството со сигурност го делат и сите “it” ѕвезди во градската фела, кои не се двоумат да уживаат во животот.