Со научните истражувања денес, Диор докажува дека регенеративниот потенцијал на епидермалната цврстина може да се оживее со консолидирање на закотвувањето на матичните клетки во дермоепидермалните станици.
Суперактивиран од ферментирана лонгоза и екстракт од тоскански ирис, иконскиот серум на Диор го активира потенцијалот за подмладување на кожата и станува Capture Totale Le Sérum. Изгледот на кожата, според годишната возраст, се коригира. Кожата е позатегната, пополнета и добива свеж тен. Трансформацијата е видлива, долготрајна и се интензивира со текот на употребата. Оваа ефективност е демонстрирана со помош на универзалниот протокол на тестирање во светот на индустријата за убавина и грижа на кожата. Серумот е соодветен за двата пола, не ограничува според возрасна граница, соодветен е исто така за секој тип кожа, како и за секој тон кожа. Дава рекордна ефективност за секој тип кожа.
Потеклото на младешкиот изглед доаѓа од срцевината на клетките
Како што поминуваат годините, без разлика од каде што потекнуваме, кожата ја губи својата способност на затегнување. Губењето на цврстината на тонусот на кожата е видлив со појавата на специфични знаци на стареење, вклучувајќи истенчен епидермис и губење на контурите и обликот. Истражувањата денес докажуваат дека со поголемо зацврстување на матичните клетки во дермоепидермалните станици, можно е да се обнови потенцијалот за подмладување и да се максимира нивната моќ на обновување и затегнување на епидермисот. Студиите ја покажаа способноста матичната клетка [β] да се конвертира во високопотенцијална матична клетка [⍺].
Цветна научна (р)еволуција
Во срцето на својот уникатен екосистем на островот Мадагаскар, со својата неспоредлива биолошка разновидност, растението чонгоза ги изразува своите исклучителни регенеративни способности. Диор веќе 30 години го проучува и го одгледува „цветот феникс“ во својата посветена градина, во дождовната шума на Мадагаскар. Во 2020 година, науката на Диор дополнително ја максимираше моќта на природата, благодарение на мултиферментацијата, посветена, чиста технологија што им овозможи да го умножат регенеративниот потенцијал на овој митски цвет. Вкупно 85 молекули лежат зад моќта против стареење на лонгоза што ги таргетираат матичните клетки. Денес, благодарение на високата технологија, науката на Диор ѝ овозможува на лонгозата да навлезе подлабоко во срцевината на кожата, на дермоепидермалниот спој, за да дејствува на матичните клетки за само четири часа.
Две нови водечки активни состојки што даваат долготраен ефект и веднаш видливи резултати
Хијалуронскиот полифилер е комбиниран комплекс од две хијалуронски киселини со полиглицерол за долготраен и веднаш видлив ефект на пополнетост. Како конечен резултат, комбинацијата од четири полиглицероли веднаш ја пополнуваат кожата од внатрешноста и трае дури до осум часа.
Континуирана и одржлива трансформација
Само четири часа откако ќе биде нанесен серумот, појавата на фините линии е редуцирана и кожата изгледа визуелно помазна. По седумдневно користење на серумот, затегнатоста на кожата е двојно зголемена. Поголема видливост и резултати се гледаат до триесетдневно користење: 80% од знаците на стареење се коригирани. Кожата изгледа сјајно, помазно и со подобар волумен.
Целосна (Totale) природност
Формулативен предизвик што комбинира моќ и сензорност, серумот открива композиција што содржи состојки од 98% природно потекло. Мултиферментацијата е сто отсто растителен и одржлив процес. Тој прецизно ги исполнува барањата за одржлив развој, без синтетички влез или генетски модифицирани организми (ГМО).
Шише со висока технологија
Куќата на Диор во целост го реинвентираше дизајнот на серумот, што се трансформира во предмет на желба на секое ниво. Истовремено елегантно и рационализирано, шишето е украсено со гравура и го носи печатот [⍺], односно симболот на обновената цврстина и амблемот на оригиналната младост.