Добар имунулошки систем е најважниот дел за здравјето на секој организам, кој е клучен во борбата против ширењето на бактериите и микроорганизмите во нашите ткива. Стекнатиот имунитет на кој влијаат повеќе фактори, игра огромна улога во одбраната од сезонски настинки, вируси и воспалителни процеси. Недостаток на витамини и минерали, лоша исхрана, физичка неактивност, стрес, недостаток на сон, се клучни елементи кои директно влијаат на состојбата на имунитетот. Покрај свесно внимавање на овие неколку фактори , постојат и навики кои може да ги практикувате во вашето секојдневие, редовно, а не при појавата на првите симптоми на настинка.
Здрава балансирана исхрана
Неслучајно започнуваме со здрават исхрана како најважен фактор за сите процеси во организмот. Изборот на намирници и комбинирањето на макронутриенти е основа за имунолошкиот систем. Внесувањето на протеини од квалитетно билно и животинско потекло е многу важно, зошто аминокиселинскиот состав на протеините, ќе ја одреди нивната специфична улога во огранизмот. Некои од амино киселините кои го штитат имунитетот се хистидин, треонин, лизин, па затоа консумирање храна богата со овие состојки како сурутка, јајца, посно месо, мешунки и сл ќе биде добар избор за силен имунолошки систем.
Утрата почнете ги со зелен чај
Моќта на зелениот чај е огромна и тој е верен сојузник за сочувување на нашето здравје. Богат е со пилифеноли, моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали, помага во спречување на рак, срцеви заболувања, намалување на холестерол, директно влијае на имунитетот. Поради кофеинот е навистина одлична, здрава замена за утринско кафе.
Мед, лимон, ѓумбир напиток
При подготовка на овој напиток може да се користи и кората на лимонот, откако добро ќе се измие со вода и сода бикарбона. Овие три состојки кога се комбинираат заедно, доаѓа до повеќекратно зголемување на нивните својства. Овој напиток има антибактериски, антигабични и антикоагулантни својства, па затоа редовно конзумирање е одлична превенција од грип и настинки.
Витамин Д
Витаминот Д има улога во апсорбцијата и одржувањето на рамнотежата на калциумот и фосфорот, кои ја овозможуваат нормалната минерализација на коските. Витаминот Д има невромускулна и имуна функција. Со дневната исхрана, преку продукти богати со витамин Д (рибино масло и риба) не се внесува доволната количина на овој значаен витамин, затоа е важно да се користат суплементи што ќе ни помогнат во благосостојбата на нашиот организам. Наш предлог се таблетите Детрикал 2000 кои би биле одлично надополнување на дневните потреби.
Цинк со витамин Ц
Цинкот е минерал кој во организмот го има во многу мали количини, а е неопходен за нормално функционирање на организмот, па затоа и умерен недостаток, може да предизвика различни здравстевни проблеми. Цинкот е потребен за развој на нови клетки, учествува во процесот на синтеза на протеините, ја подобрува функцијата на мозокот, го смалува холестеролот и директно влијае на имунолочкиот систем. Во комбинација со витаминот Ц се силни оксинански кои учествуваат во заштита на клетките и ткивата од оштетувања настанати како последица на напад на слободни радикали. Наш предлог се додатоците на исхрана во вид на таблети Аскорвита макс обложени таблети, таблети со модифициран систем на ослободување -MRS, кој овозможува ослободување на витаминот Ц во тек на подолг временски период.
Физичка активност
Научниците докажале дека 60 минути умерени аеробни вежби, минимум три пати неделно, го јакнат имунолошкиот ситем на следниот начин: го зголемува, активира имуноглобинот и цитокинот, кои се најважни клетки во одбраната на организмот од инфекции, ја убрзува циркулацијата на крвта, ги редуцира воспалителните процеси во организмот, го зголемува капацитетот на градите и го намалува ризикот од други заболувања.
Секојдневни прошетки
Бенефитите од пешачењето се добро познати, за целосната благосостојба на организмот, па затоа на него треба да се гледа како задолжителна, здрава навика, што треба да се практикува секојдневно. Оваа пријатна рекреација, директно влијае на расположението и целосно ја менува дневната рутина. Оваа основна, природна активност, поради брзиот начин на живот се повеќе се занемарува иако е многу важна за превенција од многу болести.
Редовен и квалитетен сон
Нередовно и неквалитетно спиење директно влијае на имунолошкиот систем, го ослабува и не прави подложни на бактерии и вируси. Спиењето е исто така влијае и на брзината на закрепнување на организмот кога ќе се разболиме. За време на спиењето имунолошкиот систем ослободува протеини наречени цитокини, кои се едни од најважните во борба против вирусите. Кога не спиеме доволно, бројот на анти тела кои се борат против инфекции исто така се намалува.
Здрави масти
Внесувањето на здрави масти како оние што ги има во лососот,авокадо, маслиновото масло може да го засилат имунолошкиот систем. Здравите масти го поддржуваат здравјето на кардиоваскуларниот систем и го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол одговорен за наслагите во артериите. Некои студии исто така сугерираат дека тие помагаат во одржување на нормалното ниво на инсулин и шеќер во крвта (намалување на ризикот од дијабетес 2).
Избегнување на рафинирани шеќери
Белиот шеќер, покрај низата болести за кои е директен причинител, го ослабува и имунолошкиот систем. Според резултатите од медицинско истражување кои беа објавени во американскиот журнал за медицински науки, меѓу другото, беше посочено дека главниот начин на промена на имунолошкиот систем со вишок гликоза во организмот е дека оваа состојба активира протеин киназа Ц, ензим чија функција ја инхибира миграцијата на неутрофилите, фагоцитозата и, следствено, го ограничува уништувањето на инфективните агенси. Неутрофилите се крвни клетки кои се суштински дел од имунолошкиот систем кои се одговорни за ослободување од странски агенси во случаи на инфекција; тие внесуваат патогени (фагоцитоза) и лачат ензими кои ги уништуваат. Значи, со покачена гликоза, телото се бори да се ослободи од инфекции.