Секој месец заедно со нашите соработници, Роса вода разговараме со инспиративни соговорници, кои се позитивен пример за средината, кои имаат здрави навики и водат избалансиран, активен живот. Дани Ѓуровска македонската јавност ја знае по своите интересни и храбри модни комбинации и нејзината препознатлива насмевка. Таа долги години негува љубов за модата и посветено работи на својата кариера во маркетинг индустријата. Со неа поразговаравме за професионалните предизвици, но и за најубавиот период од нејзиниот живот мајчинството.
Неколку години сте дел од македонската, модна сцена како блогерка, дипломирана дизајнерка, стилистка и очигледно е дека негувате лубов за модата. Што намногу ве исполнува и што ви е најголем предизвик да работите?
Секогаш во мене тлееше љубовта кон модата, додека бев тинејџерка знаев дека тоа е мојата пасија. Меѓутоа, не бев сигурна кон што тоа ќе евалуира со текот на годините. Веројатно од блогот започна сѐ, паралелно со моите студии на смерот- дизајн и инженеринг на облека, па сé до дипломирањето, и работата на дипломскиот труд, ме доведе до тоа да направам некаков “спој” и започнам да работам во маркетинг секторот на најголемата retail компанија кај нас. Така некако со една реченица би го опишала моето досегашно 10 годишно искуство во сите сфери кои ги споменавте. Сѐ е толку испреплетено, и сé уште не можам да потенцирам што е она што најмногу ме исполнува, па би рекла дека сум пресреќна што паралелно можам да уживам работејќи повеќе креативни работи благодарение на маркетингот и блогерството кои доживеаа експанзија и кај нас изминативе години па така веројатно и ја растев на професионален план.
Како би го опишале вашиот личен, моден стил и како тоj се менуваше низ вашето професионално растење?
Кога ќе се навратам на тоа колку бев храбра да екпериментирам со стилот, и на тој начин да се изразам себе си, денес би рекла дека многу повнимателно ја одбирам својата гардероба. Сепак, не изостанува она по што веројатно се издвојувам а тоа е спој на некои парчиња кои навидум не во пракса не функционираат заедно, но доколку знаете да ја носите некоја комбинација а не “таа вас” со сигурност нема да згрешите. Обожавам добро скроени палта, веројатно имам преку 30, сакам animal print, да комбинирам различни бои и принтови… Обожавам модни додатоци, а најголема опсесија ми се високи потпетици иако не носам често, сакам да ги имам во гардероберот„за итен случај“.
Дел сте од голем, маркетинг тим неколку години, што сметате дека е наважно за најдобра промоција на определен бренд?
Најважно е да се задржи естетиката на брендот, кон тоа се стремиме а воедно и вендорите го налагаат истото. Сепак, сметам дека за да се “доближи” некој бренд до пазарот на кој се пласира, потребно е да презентира на соодветен начин, прифатлив за културата и аспирациите на купувачите. Новите сезони се највозбудливиот дел од работата, новите колекции и кампањи се наш најголем предизвик. Особено кога станува збор за бренд кој е нов на пазарот, потребна е целосна стратегија за негово пласирање.
Неодамна станавте мајка, го добивте синот Давуд и сте во ново животно поглаве. Со какви нови предизвици се сретнувате и на кој начин се справувате со нив?
Додека улогата мајка не ја почувствував на своја кожа, не бев ни свесна што тоа ќе донесе со себе. Предизвици има секојдневно и веројатно така ќе биде и понатака, но оној мајчински инстикт за кој сите зборуваат, навистина постои. Па така, во многу ситуации се изненадувам и сама колку сопственото дете може да те оформи во нова личност, и да се трудиш да бидеш најдобрата верзија од себе. Сѐ ми беше ново, но заедно со Давуд откривавме нов свет, па сега на неколку денови до неговиот прв роденден сфаќам колку една личност може да ти биде сѐ. Планот ми е да бидеме најдобри другари, комуникацијата со вашето дете е клучна, исто сметаме дека се сé уште мали, тие толку разбираат и впиваат како “сунѓер” па секогаш треба да сме внимателни со односот спрема нив бидејќи тие во нас гледаат цел свет. Се надевам дека ќе бидам најдобрата мајка за моето дете.
Кои техники на организациа и планиране ви се покажаа како корисни за поуспешно менациране на вашето секоздневие?
Јас сум секогаш за добрата стара “To do” листа. Сé што можам подготвувам претходниот ден, со цел утрата да ни се помалку хаотични. Стекнавме некоја утринска рутина па секој пат се побрзо успеваме да се подготвиме за во градинка и на работа. Поставувањето на приоритетни обврски е клучен момент за добра организација.
Здрава и балансирана исхрана и доволна хидратација е најважен елемент за растењето на секое дете. Какви оброци подготвувате и колку внимавате на внесување вода?
Кога Давуд почна да конзумира цврста храна бев исплашена како ќе реагира на многу видови храна, денес среќа не е прибирлив и ги прифаќа сите оброци, кои најчесто се обидувам да бидат приготвени дома. Тоа што од 8 ипол месеци оди во градинка, ни олесни да се прилагоди многу брзо на разновидна исхрана. Мислам дека откако се роди Давуд дополнително сфатив колку е важна хидратацијата, па и мојот дневен внес на вода е поголем што секогаш придонесува со дополнителни бенефити како балансиран метаболизам и здрави навики.