Глумењето во ситкомот „Преспав“ за мене значи… остварена животна желба.
Хуморот на Талат е…. во неговата наивност.
Мустаќите на Талат би сакал да ги видам на… Јелена од Драчево. 😀
Комичарите се најтажните личности… нема комедија без трагедија.
Кога се подготвувам за улога сакам… сакам да се изолирам и да истражувам за ликот и неговиот карактер.
Кога бев мал сакав да бидам… сликар.
Освен актерство ме исполнува и…сликарството.
Кога не ми е денот, а морам да глумам смешен лик… се трудам барем на другите да им го направам денот.
Најголема поддршка за работата добивам од… буквално сите.
„За да избегнеш критика, не прави ништо, не кажувај ништо и биди никој“ (Аристотел)… критиката е неопходна за еден продукт да се усоврши.
Театар или филм… и двете.
Најголем сон ми е да глумам со… Ал Пачино.
Денот не ми започнува без… кафе.
Омилено модно парче ми е... шешир.
Омилен артист… Childish Gambino.
Омилено слатко… италијанска кремпита.
Да можам веднаш на тргнам на патување тоа би било во… Париз.
Фраза од филм што ми останала врежана во глава е… I’m gonna make him an offer he can’t refuse.
Во Скопје најмногу сакам да шетам… во Старата чаршија.
Да си среќен значи… најважното нешто во животот.