Негата на кожата е секојдневие, а употребата на природни и квалитетни состојки што имаат ефект станува сè побарана од сите корисници на производи за нега. Чистачите, тонерите, серумите, маслата и кремите сè повеќе се бара да бидат без токсични супстанци, без парабени, парфеми и бои, а интересот и науката за состојките стана посакувана и достапна за сите оние кои сакаат да знаат што ставаат на своето лице и тело. Една од состојките кои даваат неверојатен ефект на кожата и ја заштитуваат и негуваат се термалните води од топлите извори низ светот.
Термалната вода доаѓа од топлите извори длабоко под земјата, кои се загреваат од геотермална активност. Како што се доближува до изворот, термалната вода поминува преку карпи и почва кои се разложуваат за да додадат минерали во водата. Содржината на минерали во термалните води зависи од местото каде извира водата. Минералите најчесто се оние што ги има во самата кожа и ѝ даваат навлажнувачки фактор како хлориди, натриум, калиум, калциум и магнезиум.
Celenes by Sweden е природен козметички бренд чии производи се на основа на термални и хербални извори од Шведска, произведени по шведски стандарди за заштита и зачувување на природата. Celenes е нов козметички бренд кој ја почитува природата и луѓето и е посветен на тоа кожата да добие нега преку природни состојки и максимална заштита.
Брендот спојува околу 100 ендемични видови на растенија од Шведска и светот заедно со термална вода и науката за козметиката. Производите што се прават од Celenes by Sweden се формулирани со состојки избрани преку процес што го почитува биодиверзитетот. Брендот ги спојува најдоброто од шведската нега на кожа и зелената скандинавска природа. Големиот спектар на производи се збогатени со витамин Ц и Омега 7, како и со витамин Е и Омега 3, 6, 9.
Зошто Celenes?
Celenes е бренд што ја почитува природата, користи најквалитетни состојки, екстракти од разни видови растенија, масла, а производите се без токсини, парабени, парфеми бои и наночестички. Брендот не ги тестира своите производи на животни. Шведските растенија во комбинација со чистата вода од природните термални извори ја чистат кожата и ѝ помагаат да го задржи младешкиот изглед.
Следниве производи на Celenes, достапни кај нас преку sminka.mk, совршено ќе се вклопат во вашата дневна и ноќна рутина за нега на лицето и телото.
Aqua Thermal спреј
Хидрирачки спреј што ја ревитализира и ја заштитува кожата. Безбеден е за секаква семејна употреба (доенчиња, деца и возрасни) со природна и чиста термална вода. Без парабен, парфем, алкохол и хемиски конзерванс. Се користи за, освежување и хидратација на кожата дури и ако имате шминка на лицето.
Celenes Thermal 3 вo 1, чистач, пилинг и маска за лице
Формулата за регулирање на себум збогатена со термални и хербални состојки ја чисти кожата, помага да се елиминира мртвиот површински слој на кожата со негови микро-честички, обезбедувајќи длабинско прочистување на кожата и порите.
Чистење: Измијте го лицето за секојдневно чистење на кожата и отстранување на шминка.
Пилинг: Нанесете на скоро сува кожа и нежно тријте за да ги отстраните мртвите клетки на кожата благодарение на пилинг-ефект на микро-честички.
Длабинска маска: Нанесете дебел слој на топла и влажна кожа, почекајте додека не се исуши и потоа исплакнете со топла вода за длабоко чистење на кожата и порите со дополнителен сјај.
Celenes Thermal eнергетски серум за детоксикација
Со хијалуронска киселина, црвена алга, термална вода
Хијалуронската киселина, црвената алга и природната термална вода во овој серум длабоко ја хидрираат, ја штитат кожата од штетни надворешни фактори и ја зајакнуваат давајќи ѝ енергичен изглед. Ја зголемува природната содржина на влажност во кожата и спречува сувост, благодарение на способноста на хијалуронската киселина да ја задржи кожата хидрирана. Црвената алга го зголемува нивото на кислород во вашата кожа, нудејќи ви обновена и сјајна кожа. Природните минерали во термалната вода ја обезбедуваат потребната поддршка за освежување на бариерата на кожата. Се нанесува два пати дневно на чиста кожа и врат со нежно масирање. Видлив резултат уште од првата употреба.
Celenes Thermal длабински хидратантен гел за очи против темни кругови
Веднаш го хидрира и освежува уморниот изглед на очите со неговата формула за најчувствителниот дел од лицето. Ги освежува темните кругови и го враќа сјајот на, Помага за да се намалат брчките. Природните минерали во термалната вода ја обезбедуваат потребната поддршка за освежување на бариерата на кожата. Специјално дизајниран за да го разубави изгледот и да ја изедначи нежната контура на очите. Без парабен и парфем.
Celenes Thermal избелувачки термален минерален ролон
Термалната вода и природната содржина на минерали спречуваат да се создаде непријатна миризба без затнување на потните жлезди под пазувите. Арбутинот пак, помага да се елиминираат темните дамки под пазувите. Без алуминиумска сол, алкохол и парабен.