• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

Annie’s Food Feed – Пудинг од мандарини

јануари 19, 2021

Види

Бојан Јанев DJ Soul Case – „Најдобрите забави се без претенциозност и его, со публика што сака да излезе од комфортот“

јануари 19, 2021

Види

Архитектките Милојеска, Мицевска и Андонова – „Градскиот ѕид е урбанистички гест и го обвиткува како бедем центарот на Скопје“

јануари 18, 2021

Види

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

јануари 15, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Живот и Култура, Новости

Авенијата Шанз-Елизе во Париз ќе биде претворена во градина

јануари 11, 2021

Авенијата Шанз-Елизе во Париз ќе биде претворена во градина

Градоначалничката Ен Хидалго даде зелено светло за проектот од 250 милиони евра за да се трансформира најпознатата француска авенија во градина, иако трансформацијата нема да се случи пред 2024 година, кога Париз ќе биде домаќин на летните Олимписки игри. Планираниот проект ќе ја претвори улицата долга 1.9 километри во „неверојатна“ градина.

Комитетот на Шанз-Елизе бил за ваква трансформација уште од 2018 година.

„Улицата ја изгуби својата автентичност во последниве 30 години. Парижаните ја избегнуваа, а беше погодена од неколку кризи – штрајкови, здравствена и економска криза“, изјавиле од Комитетот поздравувајќи го соопштението од градоначалничката.

„Се вели дека тоа е најубавата улица на светот, но ние што работиме таму не сме сигурни во тоа. Шанз-Елизе има сè повеќе посетители и големите бизниси се натпреваруваат да изнајмат простор, но на французите им е здосадена“, изјавил Жан Ноел Реинхарт, претседателот на Комитетот, во 2019 година.

Планот за трансформацијата вклучува намалување на половина од капацитетот за автомобили, улиците да станат бидат пешачки и зелени простори, како и да се направат тунели од дрва за зголемување на квалитетот на воздухот.

Името на Шанз-Елизе е фрацускиот назив за митскиот грчки рај – „Елисејските полиња“. Андре Ле Нотр градинарот на Луи XIV првично ја дизајнирал долгата патека за прошетки. Улицата го добила своето сегашно име во 1709 година, а при крајот на 18-от век станало популарно шеталиште и место за излети. Денес улицата е позната по скапите кафулиња, луксузни продавници за облека и автомобили. Пред да започне пандемијата од ковид-19, архитектот Филип Чамбарета, нагласил дека од 100.000 пешаци на улицата на дневно ниво, 72 проценти биле туристи, а 22 проценти биле вработени, додавајќи дека на булеварот со осум ленти, за еден час поминуваат околу 3.000 автомобили и станува многу загадено. Чамбарета истакнал дека Шанз-Елизе е спој на сите проблеми на еден поголем град, како загадување и сообраќај, туризам и консумеризам и дека треба да се направи поеколошка, подопадлива и поинклузивна.

Планот исто така вклучува и редизајнирање на плоштадот Конкор што се наоѓа на југоисток од авенијата и тоа пред почетокот на Олимписките игри. Целта е трансформацијата на Шанз-Елизе да биде завршена до 2030 година.

Градоначалничката изјавила дека проектот е еден од поголем план за обновување на градот, кој вклучува и трансформирање на просторот околу Ајфеловата кула во огромен парк во срцето на Париз.

Извор: Guardian; Designboom

Сподели

Претходен напис

Повик за приказни за…

Во Живот и Култура

Повик за приказни за МКЦ во пресрет на неговиот 50-годишен јубилеј

Прочитајте повеќе

Следен напис

Актерката Сара Климоска меѓу десетте…

Во Живот и Култура

Актерката Сара Климоска меѓу десетте европски актерски имиња – Shooting Star за 2021 година

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Новости

Annie’s Food Feed – Пудинг од мандарини

Прочитајте повеќе

Во Музика

Бојан Јанев DJ Soul Case – „Најдобрите забави се без претенциозност и его, со публика што сака да излезе од комфортот“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Архитектките Милојеска, Мицевска и Андонова – „Градскиот ѕид е урбанистички гест и го обвиткува како бедем центарот на Скопје“

Прочитајте повеќе

Во Новости

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Елена и Игор Петрови: „Чудата се можни само со позитивна мисла“

август 12, 2020

Види

TrekkМe – Две девојки кои нудат незаборавни домашни вкусови и уникатни планинарски тури од Охрид

јули 31, 2020

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

октомври 23, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment