ФФ 2026 – ФИЛМСКА ПРОГРАМА
ИДИОТ(И) / THE IDIOT(S) – ФИЛМ ЗА ОТВОРАЊЕ НА 26. СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ
04.11. / 19 :30 / МНТ
Времетраење: 120 мин
Земја: Германија, Полска, Монако
Режија: Малгоржата Шумовска и Михал Енглерт
Улоги: Ејми Лу Вуд, Џони Флин, Вики Крипс, Кристијан Фридел
Категорија: 16 +
Синопсис: Младоженците Фјодор и Ана заминуваат на меден месец низ Европа, но нивното патување неочекувано запира во Баден. Она што треба да биде романтичен престој, прераснува во бурна, повеќегодишна борба со низа пречки и животни искушенија, додека Фјодор неуморно работи на создавањето на своето идно ремек-дело – романот „Идиот“.
17
05.11. / 2 0:30 / МНТ
Времетраење: 105 мин
Земја: Северна Македонија, Србија, Словенија
Режија: Косара Митиќ
Улоги: Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Даме Јовески, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Јован Тодоров, Жаклина Стевковска Дрнасин, Ана
Стојановска, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Александра Пешевска, Симеон Дамевски, Ирена Димеска, Мина Јелушиќ, Луна Бејков, Алина Христовска
Категорија : 16+
Синопсис: Седумнаесетгодишната Сара крие тајна за време на училишна екскурзија. Кога патувањето излегува од контрола и таа станува
сведок на сексуален напад врз нејзината пријателка Лина, двете девојки се обидуваат да го прекинат кругот на секојдневно насилство. Ова создава нераскинлива врска меѓу нив.
ТИНЕЈЏЕРСКИ СЕКС И СМРТ ВО КАМПОТ МИЈАЗМА / TEENAGE SEX AND DEATH AT CAMP MIASMA
05.11. / 17:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 110 мин
Земја: САД, Канада
Режија: Џејн Шенбрун
Улоги: Хана Еинбиндер, Џилијан Андерсон, Аманда Фикс, Артур Конти, Ева Виктор, Зак Чери, Сара Шерман, Патрик Фишлер, Дилан Бејкер,
Џасмин Савој Браун, Квинтеса Свиндел, Кевин Мекдоналд, Џек Хејвен
Категорија:16 +
Синопсис: По години брзоплети продолженија и опаѓање на базата на фанови, слешер франшизата „Камп Мијазма“ е предадена на ентузијастична млада режисерка за нејзино оживување. Но, кога таа ќе ја посети ѕвездата од оригиналниот филм, сега повлечена актерка обвиена во тајност, двете жени упаѓаат во крваво обоен свет на желба, страв и делириум.
СПИРАЛА / THE SPIRAL
05.11. / 19:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 115 мин
Земја: Италија, Франција
Режија: Паоло Стриполи
Улоги: Јасмин Тринка, Романа Маџиора Вергано, Адриано Џианини, Валерија Бруни Тедеши
Категорија: 16+
Синопсис: Две децении откако богата мајка прави очајнички пакт со мистериозна непозната жена за време на страшна бура за да го спаси угледот на своето семејство, нејзината долго чувана тајна се враќа повлекувајќи неконтролирана спирала од вина, хаос и уништу вање.
ИЗАБЕЛ / ISABEL
06.11. / 17:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 85 мин
Земја: Бразил, Франција
Режија: Гејб Клингер
Улоги: Марина Персон, Каио Хоровиц, Марат Дескартес, Грегори Шастан, Џон Ортиз, Кларисе Абужамра, Плинио Соарес, Мишел Елиз,
Џована Надер, Даниела Бравин, Касија Кампос
Категорија:16+
Синопсис: Изабел, сомелиерка во светот на елитните ресторани во Сао Паоло, сонува да побегне од својот доминантен шеф и да от вори сопствен вински бар каде што таа самата ќе одлучува што се сипува во чашата. Но, кога нејзините планови нема да се развијат с поред очекувањата, Изабел мора да одлучи помеѓу играњето на сигурно и преземањето на единствениот храбар чекор да ја земе сопствена та судбина во свои раце, под свои услови.
НЕМА РАЈ АКО ТЕ УБИЕ ЖЕНА / NO PARADISE IF YOU ARE KILLED BY A WOMAN
06.11./ 19:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 110 мин
Земја: Норвешка, Ирак
Режија: Халкавт Мустафа
Улоги: Аван Џамал, Торбјорн Хар, Канар Сарчл, Кадер Џалал
Кате горија:16+
Синопсис: Вијан, курдска снајперистка, ја преживеала војната потполно исклучувајќи ги своите емоции. Кога дознава дека нејзината помлада сестра, за која се веруваше дека ги загубила трагите за време на нападот на ИСИС во 2014 година, сѐ уште можеби е жив а во Мосул, таа се враќа во градот обликуван од смрт и деструктивност. Нејзината потрага станува спасувачка мисија и соочување со траумат а што со години се обидувала да ја замолчи.
ФЈОРД / FJORD
06.11. / 21:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 145 мин
Земја: Романија
Режија: Кристијан Мунџиу
Улоги: Себастијан Стен, Ренате Реинсве, Лиса Карлехед, Елен Дорит Петерсен, Лиса Ловен Конгсли, Хенрике Лунд-Олсен, Ванеса Чебан,
Кристијан Рубек, Маркус Скарт Тонсет
Категорија:16+
Синопсис: Георгиу, побожно романско-норвешк a брачн a двојка, се преселуваат во село сместено крај далечен фјорд, каде што се зближуваат со нивните соседи, семејството Халберг. Нивните деца се поврзуваат и покрај разликите во нивното воспитание.
Кога тинејџерката Елија Георгиу ќе се појави на училиште со модринки по телото, заедницата започнува да се прашува дали традиционалното воспитание што децата го добиваат од своите родители има некаква врска со тоа.
СФФ 2026: Фил мска програма
БЛОК КРАТКИ ФИЛМОВИ : EFA SHORTS TOUR 2025
06.11. / 13 :00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
ОТФРЛЕН / FORSAKEN
07 .11. / 17 :00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 100 мин
Земја: Франција
Режија: Винсент Гаренк
Улоги: Емануел Берко, Антоан Рејнарц
Категориј а:16+
Синопсис: Засновано на вистинската приказна за Самјуел Пати. Едно предавање за слободата на говорот на добронамерен наставник станува мета на вирална онлајн линч-кампања, која брзо излегува од контрола и води до трагични последици.
ЧУВСТВО НА ДОМ / FEELS LIKE HOME
07.11. / 19:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 124 мин
Земја: Унгарија
Режија: Габор Холтаи
Улоги: Рози Ловаш, Арон Молнар, Тибор Сервет, Бетина Јожа, Иштван Знаменак, Корнел Шимон, Дорка Грилуш, Шома Шимон
Категориј а: 16+
Синопсис: Рита, обична но осамена жена, е киднапирана. Нејзините киднапери, семејството Арпад, тврдат дека таа не се вика Рит а туку
Силви — нивната ќерка која избегала. Рита на крајот сфаќа дека единствениот излез е да влезе подлабоко во нивната игра: за да побегне, таа мора да го преземе идентитетот на Силви. Но, колку повеќе станува исчезнатото девојче, толку повеќе дознава за семејството и сфаќа дека нејзиниот живот е во животна опасност.
СФФ 2026: Фил мска програма
РИТАМ НА ЖИВОТОТ / LIFE IN A BEAT
07.11. / 21:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 92 мин
Земја: Грција, Северна Македонија, Кипар, Бугарија, Црна Гора и Франција
Режија: Америса Баста
Улоги: Елина Цорбаѕи, Гео Пакицас, Антонис Цоцопулос, Лули Битри и Димитрис Кицос
Категорија: 16+
Синопсис: Лена работи во супермаркет во Атина. Со пристигнувањето на новиот менаџмент, таа добива отказ, а набрзо дознава и дека е бремена. Ја менува својата првична одлука за абортус кога дознава дека бременоста ќе ѝ ја спаси работата.
МИЗЕРНА МАЈКА / THE MISERABLE MOTHER
08.11. / 1 7:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 80 мин
Земја: Германија, Франција
Режија: Зузане Хајнрих
Улоги: Роза Ландерс, Тео Коларусо
Категорија :16+
Синопсис: За мизерната мајка, заглавена дома со Питер Пан и нивното новороденче, мајчинството станува затвор. Додека нејзиниот свет се намалува и се сведува на софата во дневната соба, градскиот парк и кафулето за мајки и деца, границите меѓу внатре и надвор, општеството и поединецот, телото и дискурсот почнуваат да се замаглуваат. Музичка комедија за интересни состојби и надреални
околности.
ТИВКИ НОЌИ / SILENCED NIGHTS
08.11. / 19:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 112 мин
Земја: Филипини, Франција, Тајван
Режија: Лоренс Фажардо
Улоги: Лотлот де Леон, Ина Фелео, Нико Антонио, Тања Гомез, Џоел Сарачо, Дилан Реј Талон, Марио Магалона, Ром Фактолерин, Енз о
Осорио, Акиша Томбига, Џорибел Агото
Категорија:16+
СФФ 2026: Фил мска програма
Синопсис: Во тесните улички на Манила за време на суровата војна против дрогата, работникот Андој тајно сведочи на полициската егзекуција на тинејџерот Кервин. Додека мајката на момчето, Мариса, очајно бара одговори наспроти системските деманти, новина рката
Патриша се обидува да ги документира жртвите соочувајќи се со институционален молк и избришани докази. Патиштата на овие три ликови се испреплетуваат во опасна и заедничка потрага по вистината и правдата.
МРАЗ / FROST
08.11. / 21:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 115 мин
Земја: Србија, ОК, Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора
Режија: Павле Вуковиќ
Улоги: Камка Тоциновски, Лара Драговиќ, Весна Тривалиќ, Јово Максиќ, Златан Видовиќ, Мирко Влаховиќ, Јован Белобрковиќ, Антонио
Сцапта , Ема Муратовиќ
Категорија: 16+
Синопсис: Рационалната и емоционално дистанцирана детективка Мирјана истражува исчезнување на девојка во регион познат по црн аммагија и паганско наследство. Нејзината истрага постепено станува патување во митски свет.
ЕЛЕКТРИЧЕН БАКНЕЖ / THE ELECTRIC KISS – ФИЛМ ЗА ЗАТВО РАЊЕ НА 26. СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ
09.11. / 19:00 / Кино ФРОСИНА, МКЦ
Времетраење: 122 мин
Земја: Франција, Белгија
Режија: Пјер Салвадори
Улоги: Пио Мармаи, Анаис Демостие, Жил Лелуш, Вимала Понс, Густав Керверн, Медлин Бодо
Категорија: 14+
Синопсис: Париз, 1928. Младиот и популарен сликар Антоан Балестро не може да слика откако му починала сопругата, на очај на сопственикот на неговата галерија, Арманд. Една пијана вечер, Антоан се обидува да контактира со сопругата преку јасновидец, но всушност збору ва со Сузан, скромна циркуска работничка која се провлекла за да украде храна. Сузан се покажува како талентиран измамник и набрзо, поддржана од Арманд, организира лажни сеанси. Малку по малку, Антоан ја враќа инспирацијата, но ситуацијата станува сѐ покомплицирана бидејќи Сузан се вљубува во човекот кој го манипулира.
СФФ 2026 – ЗЛАТНА СКОПОЛИЈА
– НАГРАДА ЗА ИСКЛУЧИТЕЛЕН ПРИДОНЕС КОН СВЕТСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА –
Како почит кон извонредната моќ на креативната соработка, Скопје филм фестивал со гордост, за првпат, ја доделува својата Награда за исклучителен придонес кон светската кинематографија на едно режисерско дуо.
Оддавајќи признание на реткото и извонредно уметничко партнерство на Малгоржата Шумовска (Małgorzata Szumowska) и Михал Енглерт (Michał Englert), наградата ја слави нивната заедничка креативна визија и нивниот исклучителен придонес кон јазикот и еволуцијата на филмот. Нивната соработка претставува доказ за моќта на спојувањето на два различни уметнички сензибилитети, кои заедно создаваат единствен филмски глас!
СФФ 2026 – ЖИРИ Лабина МИТЕВСКА
Македонска актерка и продуцентка со меѓународна кариера која започна со венецијанскиот победник Пред дождот. Како основач на Сестри и брат Митевски, таа ги продуцира и глуми во наградуваните филмови Јас сум од Титов Велес и Бог постои, нејзиното име е Петрунија. Во 2025 година ја освои наградата за Најдобар европски копродуцент од Европската филмска академија (EFA).
Стив АБОТ (Steve Abbott)
Британски филмски продуцент и поранешен претседател на првиот УНЕСКО „Светски филмски град“ – Брадфорд. По познатите студии по математика на Кембриџ, тој станува клучна фигура зад легендарната комичарска група Монти Пајтон и продуцент на култните филмови A Fish Called Wanda и Brassed Off. Долгогодишен член е на Британската (BAFTA), Американската (AMPAS) и Европската филмска академија (EFA).
Даниела ВЕБЕР (Daniela Weber)
Германска фестивалска програмерка со долгогодишна кариера на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин. Од 1992 година раководи со селекцискиот процес и програмирањето на Главната натпреварувачка програма и Berlinale Special. Нејзината работа е клучна за координацијата меѓу авторите, светските дистрибутери и селекцијата на Берлинале.
Павле ВУЧКОВИЌ (Pavle Vučković)
Српски режисер и сценарист кој уште со своите кратки филмови освои две награди на Канскиот филмски фестивал и влезе во колекцијата на MoMA во Њујорк. Неговиот дебитантски филм Панама исто така имаше премиера во Кан со номинација за „Златна камера“. Неговиот најнов трилер Мраз (2026), со Камка Тоциновски во главната улога, забележа светски успех на фестивалот во Ситгес.
Даријан ПЕЈОВСКИ
Македонски филмски и ТВ-режисер и сценарист. Дипломирал на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје во класата на Столе Попов. По успехот со кратките филмови, тој го потпишува долгометражниот деби-филм „Три дена во септември“ и меѓународно признатиот игран филм „Мими“. Зад себе има и над десетина популарни ТВ-проекти, меѓу кои „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Зоки Поки“ и „Црвениот поет“.





