Со почетокот на новата сезона, Модниот Базар од StyleSipher се враќа со своето есен/ зима издание, носејќи нова селекција на облека, модни додатоци и внимателно одбрани парчиња за есенската и зимската гардероба.
Замислен како повеќе од класичен шопинг настан, Модниот Базар обединува мода, стил, музика и дружење во атмосфера во која посетителите можат да откријат нешто ново, да се инспирираат и да добијат професионален моден совет. За време на настанот, присутен ќе биде и тимот од обучени модни стилисти на StyleSipher, кој ќе им помага на посетителите при изборот на парчиња, комбинации и најдобрите зделки.






Целта е секој да си замине со нешто што навистина одговара на неговиот личен стил, потреби и буџет, наместо со уште едно импулсивно купување. Токму затоа, едно од главните начела на Модниот Базар е идејата за попаметен и посвесен шопинг. Добриот избор не се мери само според цената, туку според тоа колку едно парче ќе се носи, комбинира и ќе остане релевантно во гардеробата.

Преку ваквиот пристап, StyleSipher сака да поттикне подолгорочен однос кон модата и поодржлив начин на купување. Наместо постојано да се бара нешто ново, фокусот е на парчиња кои имаат реална вредност, лесно се вклопуваат во постоечката гардероба и можат да се носат на повеќе начини. Покрај шопингот, посетителите ги очекува и пријатна музика, опуштена атмосфера и можност да се запознаат со StyleSipher тимот. Тоа е место каде што можете да пробате нешто што можеби не би го избрале сами, да побарате совет од стилист или едноставно да поминете убаво попладне опкружени со мода и добра енергија.


Дојдете за добрата музика, кул парчињата и модната инспирација, а заминете со некој нов омилен look.
Модниот Базар од StyleSipher Autumn/Winter Edition
КОГА — 17-18ти Октомври
ВО КОЛКУ —12-18ч
КАДЕ— StyleSipher Студио – Антон Попов 20, Кисела Вода
Следете го StyleSipher за повеќе информации околу селекцијата и специјалните понуди за ова издание.
contact@stylesipher.com
инстаграм: @stylesipher




