На 29 септември, Амбасадата на Јапонија организираше мастерклас за јапонска кујна во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, наменет за младите идни готвачи.
Идните готвачи и нивните наставници имаа можност да се запознаат со „вашоку“ – традиционалната култура на исхрана во Јапонија, која се темели на хармоничната рамнотежа на сезонските состојки, хранливоста и визуелната убавина. Вашоку е впишано на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Мастеркласот вклучуваше презентација на јапонски ножеви и кујнски алатки, демонстрација на неколку рецепти од страна на готвачката Нишикава, а учесниците имаа можност и самите да подготват и да вкусат едно од омилените секојдневни јапонски јадења за енергија – онигири (топчиња од ориз).






Готвачката Нишикава е првиот јапонски готвач кој им ја претстави јапонската кујна на учениците и наставниците во ова училиште.



