Претставата „Кој сум јас?“ на Митко Чешларов, а во режија на Наташа Поплавска, ќе ја има својата премиера в петок на 27 март, во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Со оваа претстава, театарот ќе го одбележи 27 Март, Светскиот ден на театарот, како и својот 14-ти роденден. „Кој сум јас?“ е 55. премиера на Театар Комедија, а првата премиера беше во 2012 година.
Во претставата играат: БлагојВеселинов, Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска, ЕваСкендеровска, Матеа Јанковска, Едмонд Сотир, Илија Илиоски, АнаГрамосли и Мина Јелушиќ. Сценографијата е на Војдан Запров, костимографијата – на СараМилевска. За сценските движења е задолжена Ирена Лозинска. Видеодизајнер и фотограф е Емил Петров, а светло дизајнер – Милчо Александров. За изборот на музика е задолжен Александар Јорданов.
Ништо не е така како што изгледа.„Кој сум јас?“ е брза и разигранафарсична комедија за луѓе што играатулоги во сопствениот живот. Луѓе коикажуваат едно, мислат друго и праваттрето. Луѓе кои позајмуваатидентитети како што позајмуваатпари. Луѓе кои зборуваат завредности, а тргуваат со нешто друго.Во оваа приказна, работите постепеносе комплицираат. Малите лаги бараатнови, поголеми лаги. Ситуациитеизлегуваат од контрола, пишува Оливија Трајковска, асистент на режија и асистент драматург.
-Токму тука настапува фарсата. Когалагата ќе се оттурка предалеку, таапочнува да се распаѓа. Телото издава, а маската почнува да попушта. Прекуритам и телесна комичност, серазголува механизмот на лагата. И токму затоа, сè е смешно. Бидејќикога вистината станува апсурдна, единствениот начин да се издржи е преку смеа. Секој има причина дабиде тоа што не е. Во таа игра наидентитети, ситуациите стануваатнеочекувано тензични, брзи и смешни. Хуморот е жив, понекогаш апсурден,понекогаш болен, но секогашпрепознатлив – пишува Трајковска.
Претпремиерата на претставата е на 26 март во 20 часот.

