Во време кога визуелниот идентитет сè почесто се сведува на брзи и минливи трендови, брендот за ексклузивен италијански накит, Chapter 03 одлучи да ја раскаже приказната поинаку, тивко, фокусирано и со јасна намера да го врати вниманието кон суштината. Наместо да следи наметнати естетики, кампањата се насочи кон вредности што траат, кон личноста како центар на секој стил.


Наместо класична кампања за накит, тие создадоа нарација во која во преден план беа жените, нивниот карактер, нивните избори и начинот на кој ја носат сопствената самодоверба. Накитот во оваа кампања не доминираше, туку се појавуваше како суптилен елемент што природно се вклопуваше во нивниот стил, како тивок акцент што ја следи, а не ја води приказната.








Ниту една од учесничките немаше улога на модел. Тие беа пријателки на брендот, пред сè и пример за современи жени, самоуверени, автентични и свои. Секоја носеше сопствена инспиративна приказна и природно присуство што зрачеше со елеганција и карактер. Тоа беа жени кои живеат по свои правила, со префинет стил и тивка, но моќна самодоверба што инспирира. Во нивното присуство имаше сигурност, во нивниот стил доследност, а во начинот на кој се претставија, мирна, стабилна и јасна самодоверба.
Она што ја издвојуваше оваа кампања беше нејзината ненаметлива искреност, чувството дека ништо не е пренагласено, туку внимателно избалансирано. Секој кадар делуваше како природно продолжение на личноста, а не како обид да се создаде впечаток.
Под креативното водство на Сергеј Варошлија, накитот доби улога на личен акцент. Наместо да биде во центарот, тој беше внимателно поставен како продолжение на личноста, како детaл што ја надополнува, а не ја дефинира. Со прецизен сензибилитет, секое парче беше интегрирано така што ја следеше индивидуалноста на жената што го носи.





Кампањата на Chapter 03 на крајот функционираше како суптилен, но јасен потсетник дека стилот не се гради преку трендови, туку преку став, и дека вистинската елеганција секогаш доаѓа одвнатре, како одраз на самосвеста и личниот интегритет.
Во кампањата учествуваа Ели Пешева, Милиана Мијалкова и Мила Мијалкова, Анџелка Илиева со ќерката Бисера, Симона Симоновска, Сања Николиќ Маринковиќ, Александра Мијалкова, Јована Филиповиќ со синчето Нео, Маја Стефкова и Калина Стефкова, Кики Мукаетова.


