Двојните празници во Скопје добија посебен шмек со активацијата во Хотел Alexandar II, организирана од тимот на групацијата Караорман АД Скопје. Тоа не беше обичен настан – беше вистинска експлозија на емоции каде над 50 гости од хотелот и локалци оставија дел од своите срца на Ѕидот на Љубовта.
Помини во лоби, земи писмо од масичката, напиши две-три реченици до партнерот, семејството, колегите или, најважното – до себеси. „Ти си мојата среќа во хаосот“, „Оваа 2026 ќе се сакам повеќе“ – вакви исповеди, рачно напишани со пенкало, затворени со восочен печат беа закачени едно до друго, создавајќи галерија полна со искрена топлина. Гостите пишуваа, случајните минувачи фотографираа – чиста Valentine’s магија.






А потоа доаѓаше вистинскиот трилер: влечењето ливче! Секој што учествуваше во пишувањето писменца, потоа си ја пробуваше среќата и некои навистина ја фатија. Чоколадца што се топеа во уста, локално вино од Винарија Мирон за романтична вечер, убав постер од The Poster Club изложбата, па дури и -20% ваучери за следен престој.
Изложбата со дигитални принтови од The Poster Club додаде кул вајб – совршени за оние кои задоцнија со купување на подарок и кои сакаат стилски додаток за домот или канцеларијата. „Сакавме да направиме нешто што ќе ги спои луѓето, а не само да биде уште еден настан. И успеавме!“, вели Калија од Караорман, чиј тим стоеше зад целата логистика.
Ова не беше само настан, беше момент што ќе се споделува. Ако го пропуштивте, не се грижете – Instagram е полн со спомени: @alexandar_hotels_skopje. Следниот пат кога ќе помислите дека ништо не се случува, знајте дека Скопје често знае да изненади.

