Со големо задоволство го најавуваме новиот материјал на најуспешниот македонски електронски изведувач, Кирил Џајковски. Неговиот нов албум Memory Paradoxe ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со своите соработници во изминатите две години.
Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл „Head High“. Песната претставува уникатен спој на хип-хоп и драменбејс, а на неа Џајковски е придружуван од својата редовна соработничка и миленичка на македонската публика – TK Wonder.


„Head High“ е актуелна и ангажирана песна која се занимава со универзални теми како што се соочувањето со предрасудите, вербата во себе и борбата против нееднаквоста.
Иако досега не беше официјално објавена, „Head High“ за кратко време стана една од омилените песни на фестивалските настапи на Џајковски и секогаш е одлично прифатена од публиката. Токму поради тоа е избрана да биде прв сингл од албумот Memory Paradox.
Новиот сингл на Кирил Џајковски и TK Wonder, „Head High“, е достапен на сите дигитални музички платформи.

