Осумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиотфакултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборотна стипендистите за учебната 2025/2026 година, кој е во согласност сообјавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијатапо предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба настипендии, составени од претставници на Фондацијата и на дватафакултета, како и од претставници од редовите на студентите.


За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиотфакултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваагодина Фондацијата ќе додели еднократна парична награда од 1.200 евраво денарска противвредност за првенците на генерација на дватафакултета. Добитници на оваа награда се Исидора Давитковска одФармацевтскиот факултет (со просек 9,77) и Јована Цветановска одМедицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендисти на Фондацијата„Трајче Мукаетов“.
„Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел одсекојдневието, важноста на човечкиот фактор, а особено наквалитетното образование, станува пресудна. Затоа, образованието несмее да се сведе само на стекнување технички вештини, туку треба дамотивира, да поттикнува критичко размислување, креативност испособност за решавање комплексни проблеми. Во вакви специфичнивремиња исполнети со огромни предизвици, особено за младите, вистинска чест е да се биде дел од континуирана позитивна приказна наедукација, научна посветеност и врвни резултати во сферата наздравството и фармацијата. Благодарение на високата селективност приангажирањето стручен кадар и на континуираните вложувања во развоји едукација, денес ’Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи наглобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директорна компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.
Во осумнаесет години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“стипендирала вкупно 739 студенти по фармација и по медицина приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу151 милион денари по основ на стипендии и на еднократни паричнинагради за првенците на генерација.
Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денариво текот на 12 месеци и се пресметува линеарно на постојните и нановите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.
