На 18 октомври на Љубљанската модна недела македонскиот моден бренд „Лудус“ ја претстави најновата колекција насловена како „Декалог“ за пролет-лето 2026 година.
Десеттото поглавје од серијата Пост-родовостнајавува нова визуелна насока за брендот, суптилно оддалечувајќи се од препознатливата монохроматска палета преку воведување на природни ткаенини со внимателно избрани класични дезени, преиспитувајќи ја границата меѓу чистотата и сложеноста.






Целосно органска и рачно изработена, колекцијата црпи инспирација од естетиката на прединдустриската ера, трансформирајќи ги традиционалните занаетчиски кодови во современи безродови силуети. Декалог ја продлабочува визијата на брендот за безвременските форми, одржливите практики и моќта на модата да создава нови, визионерски светови.






Колекцијата се состои од 20 целосни изгледи и 50 производи, од кои дел се обоени со природни состојки, пракса на брендот кој се заложува за еколошко производство и рачна изработка на безвременски висококвалитетни производи. За модната ревија беа изработени и рачно направени кожени сандали во сорабтка со занаетчијката Катерина Микрут.




На модната ревија беше прикажано и видео со ремиксирани секвенци од филмот „Терански фрагменти“ на авторката Кумјана Новакова.
Колекцијата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.

