Трендот на патики што личат на чевли не оди никаде. Комбинирањето на елегантни горни делови со удобни, спортски ѓонови веќе целосно ја освои индустријата. Од New Balance, преку Nike и Hoka, па сè до најновиот играч на теренот – Vans Skate Loafer – сега и скејтерите добија свој хибрид.
Новите Vans Skate Loafer пристигнуваат во пет стартни бои: црн велур, кафеав велур, беж велур, црна кожа и зелено-бело кожно комбо. Горниот дел е класичен loafer – со подигнат текстилен детаљ на врвот и украсна лента наместо јазик. Но долу? Таму е целата магија: Vans PopCush вафл ѓон, вулканизиран за максимален grip и feeling на даската.
Во 2009, легендарниот Dylan Rieder го внесе стилот на чевли во скејтањето со својот Gravis модел. Трендот продолжи во 2010-тите, па се изгуби – додека повторно не се појавија брендови како Hours Is Yours и Last Resort AB, со своите верзии на скејт-loafer.
Со влегувањето на Vans, сега веќе нема дилема: loafer патиците се насекаде – од модните писти до рампите.