Во последниве години сè почесто гледаме враќање кон литературните класици, не само поради носталгија, туку и поради нивната вечна актуелност. Големите режисери и студија им даваат нов живот на познатите приказни, со свежи актери, современи теми и врвна продукција. Оваа есен и зима, љубителите на филмови и серии имаат вистински празник: пет култни книги што повторно ќе оживеат на екран.
Животинска фарма – Џорџ Орвел
Анимиран филм во режија на Енди Серкис, со гласови на Сет Роген, Вуди Харлсон и Гатен Матарацо. Класичната алегорија за корупцијата и моќта повторно ќе ја видиме, овој пат преку модерна анимација и нова визуелна енергија.
Сликата на Доријан Греј – Оскар Вајлд
Netflix подготвува современа адаптација под наслов The Grays. Приказната е поставена во светот на козметичката индустрија и култот на вечната младост. Basil и Dorian ќе бидат прикажани како браќа/сестри, што предизвика полемики поради можноста да се избрише хомоеротичкиот подтекст на оригиналот. Темите ќе вклучуваат убавина, потрошувачки култ и естетика, одличен избор за љубителите на готика во модерно издание.
Франкенштајн – Мери Шели
Гилјермо дел Торо конечно ја реализира својата визија. Во филмот ќе глумат Оскар Ајзек (Виктор Франкенштајн) и Џејкоб Елорд (Суштеството). Премиерата е закажана за 17 октомври 2025 во кинaта, а од 7 ноември на Netflix. Се очекува мрачна, но длабоко емотивна верзија на класиката.