Во Културниот информативен центар (КИЦ) на 18.09.2025 во 20 часот год.(четврток) ќе се отвори самостојната изложба на уметникот Маргарита Симовска под наслов “Празно саќе” Темата на изложбата го отвара прашањето што значи денес природното начело : “Создај – Уништи- Обнови”, каде и како се вклопуваме ние во природната цикличност. Изложбата ја прати видео запис кој ги приближува на публиката процесот и инспирацијата за делата на “Празно саќе”. Изработени се околу 40 тродимензионални објекти од рециклиран картон земен од отпад. Авторот ги користи формите и патерните како симбол во кој одекнува нашето битисување и ги користи како доказ дека сме надвор од природата, а не во неа. “Празно саќе “ е аларм за подигнување на еко свеста на глобално ниво.
Маргарита Симовска е автор кое своето ликовно образование го започнува во Средното Уметничко училиште “Лазар Личеноски “ во Скопје, продолжува на
Националната Ликовна Академија во Софија на отсекот монументално сликарсто, а во моментов е на магистарски студии за визуелни ументости на ИБУ – Скопје. Има учество во регионални и интернационални групни изложби, колонии и фестивали за современа уетност. Моментално живее и работи како ликовен педагог во Скопје.
Изложбата за посетителите ќе биде поставена до 2ри Октомври.