Петнаесетгодишниот актер Овен Купер, познат по улогата во хит-серијата на Нетфликс „The Adolescence“, влезе во историјата на Еми наградите, станувајќи најмладиот машки актер што некогаш освоил Еми.
Тој ја доби наградата за „Најдобра споредна машка улога во ограничена или антологиска серија или филм“, со што го собори рекордот кој досега го држеше Скот Џејкоби, кој освои Еми на 16 години во 1973 година.
Неговата победа е уште поимпресивна со оглед на тоа што беше во конкуренција со големи ѕвезди, меѓу кои и оскаровецот Хавиер Бардем и неговиот колега од серијата, Ашли Волтерс. Улогата во „The Adolescence“ беше негова прва професионална актерска улога, во која го толкуваше ликот на 13-годишно момче уапсено под сомнеж за убиство на соученичка. Серијата, која истражува длабоки психолошки теми, постигна огромен успех на Нетфликс.
„The Adolescence“ ја одбележа 77-та церемонија на доделувањето на наградите Еми со тотален триумф, освојувајќи осум награди.