Познатиот дизајнер Christian Louboutin, чиј заштитен знак се препознатливите црвени ѓонови и вртоглаво високи потпетици, ја претставува својата прва хотелска авантура – Vermelho – длабоко одалечен, но идиличен 5⭐ бутик-ријурт во селцето Мелидеш, Алентежу, на околу еден час јужно од Лисабон.
Vermelho официјално ги отвори вратите во пролетта 2023 година, но својата тајна привлечност ја задржа и по премиерата – како ретка локација што се пренесува од уста на уста меѓу љубителите на уметноста, дизајнот и дискретниот луксуз. Хотелот беше развиван неколку години со лична посветеност од Christian Louboutin, кој ја избра токму Португалија како свое второ (и понекогаш прво) живеалиште.
Со Vermelho, Louboutin ја проширува визијата на својот бренд – од иконични модни додатоци кон целосно lifestyle искуство. Последниве години, брендот сè повеќе се позиционира не само како симбол на гламур и high fashion, туку и како универзум на добар вкус и културна свесност.
Покрај чевлите, чантите и козметиката, Louboutin воведе нови линии – како Louboutin Beauty, машка колекција, па сега и hospitality сегмент – кој го доживува Vermelho како прво, но не и единствено место што ќе го понуди тој препознатлив, sensorial luxury потпис.
Хотелот има само 13 уникатни соби, дизајнирани една по една, секоја со свој карактер и боја, со рачно насликани азулејо плочки, тепихот на Murano, егзотични парчиња мебел и фрески внимателно потенкирани со црвените Louboutin нијанси. Заедничките простории се полни со селектирани уметнички дела – од витражни лустери до скулптури и артистички детали во духот на дизајнерската ексцентричност.
Архитектурата ја потпишува португалката Мадалена Кајадо, а екстериерот, со бели и небесно сини ѕидови и традиционални комини, се вклопува безвременски во локалниот пејзаж. Внатрешноста пак, е максималистичка – преку фрески од Гркот Константин Каканијас, мозаични детали од Алжир и Ражастан и барокен сребрен шанк создаден во Севиља.
Градините, дизајнирани од францускиот пејзажист Луи Бенек, го опкружуваат базенот и внесуваат мирисни мириси и локално зеленило. Хотелската СПА зона, со алебастрени ѕидови и индиски, француски козметички третмани, нуди просторија за медитација, топли подови, масажи и wellness спа викенди.
Во кујната на ресторан Xtian, под раководство на Chef David Abreu, се служат локални специјалитети – пастел де ната, рачно направени сирења, чорба од карфиол – во интимен и артистички уреден простор.
Цените за ноќевање започнуваат од околу 380 USD по ноќ, а во нив се вклучени и часови по јога, под водство на познатата француска инструкторка инструкторка – Nicole Marty.
За Christian Louboutin, Vermelho не е само хотел – тоа е „закотвен дом“ за „културно љубопитните“, каде тишината, убавината и дизајнот создаваат лична, интелектуална и сензорна дестинација.