Токио, 3 март 2025 – Британската поп-ѕвезда Хари Стајлс, познат по својата успешна музичка кариера и статусот на модна икона, изненади многумина со учеството на престижниот Токиски маратон 2025. Пејачот истрча 42,195 километри со време од 3 часа, 24 минути и 7 секунди, пласирајќи се на 6.010-то место од вкупно 26.706 учесници.
Облечен во црна спортска комбинација и жолти Nike патики, Стајлс успеа да одржи конзистентно темпо од 7:47 минути по милја, што го прави неговиот настап особено импресивен за аматерски маратонец.
Хари Стајлс, кој последниве години се повлече од јавноста по завршувањето на неговата турнеја “Love on Tour” во 2023 година, ги изненади своите фанови со учеството на маратонот. Музичарот често може да се види како трча и спортува, и дефинитивни ова не е првпат тој да се впушти во спортски предизвик.
„Стајлс покажа одлична физичка кондиција и трчаше со неверојатна посветеност. Неговите резултати се импресивни за неконкурентен тркач“, изјави еден од организаторите на настанот.
Последниот студиски албум на Стајлс, “Harry’s House”, беше објавен во 2022 година и освои бројни награди, вклучувајќи Греми за албум на годината. Додека тој останува дискретен за идните проекти, неговите фанови со нетрпение очекуваат нова музика или можеби уште еден спортски подвиг.