Дали некогаш ви се случило да гледате филм и да посакате местата каде што одат ликовите вистински да постојат? Па, понекогаш и постојат. Ова се трите најубави книжарници од филмовите, кои навистина постојат. Освен за неверојатни култни филмски сцени овие места станаа и омилени знаменитости самите по себе.
1.The Notting Hill Bookshop | Notting Hill
Сместена во срцето на прекрасниот Нотинг Хил во Лондон, близу живописниот пазар Портобело, е сместена светски познатата книжарница Notting Hill. Отворена во 1979, книжарницата првично била наменета само за книги за патување, а од 2011 и книги од различни области, џебни книги, класици, изданија за подароци и книги за деца. Книжарницата станала неверојатно позната во 1999 година по снимањето на Notting Hill со Џулија Робертс и Хју Грант.
2.Shakespeare & Co. | Midnight in Paris
Shakespeare & Co. во Парис, дефинитивно ја има својата слава уште пред снимањето на филмот, но Midnight in Paris на Вуди Ален ја освежува нејзината привлечност како книжевна знаменитост и останува на листата на места што мора да се посетат кога сте во Парис, доколку сте љубител на уметноста и литературата. Незаборавна е сцената кога Гил и неговите пријатели ја посетуваат во дваесетитте години, каде се појавуваат значајни книжевни фигури како Ернест Хемингвеј.
3.The Shop Around The Corner | You’ve got mail
Книжарницата зад аголот на Кетлин Кели (Мег Рајан), од You’ve got mail е мала, топла, книжарница со магична атмосфера во која Мег Рајан им чита приказни на децата. е една од најубавите книжарници во филмовите и многу е можно дека некои од нас имаат плачено кога се затвори (секако, во филмот). За среќа, книжарницата која била инспирација, Books of Wonder, сѐ уште постои во Њујорк