Развојот на технологијата имаше огромно влијание врз образовната сфера, наметнувајќи нови начини на учење. Кои се трендовите во образованието што ќе продолжат да земаат замав и во 2022 година?
За едукаторите правилно да ги мотивираат своите ученици, треба постојано да се во тек со најновите промени што технологијата ги има врз образованието. Како наставниците да ги искористат технолошките трендови во своја полза? Како да се создадат поефективни средини за учење предводени од технологијата?
Кои трендови во образованието ќе доминираат во 2022 година?
1. Онлајн учењето како флексибилен пристап
Технологијата го трансформираше образованието од корен. Компјутерите и интернетот го променија начинот на којшто учениците не само што можат да пристапат до информации, туку дури и до видеа од самите часови.
Онлајн платформите го променија начинот на којшто предаваат наставниците. Тоа ги мотивираше да подготвуваат часови што ќе ги ангажираат учениците онлајн да го следат нивниот прогрес.
Од друга страна, учениците во секое време можат да ги прегледаат снимените часови и подобро да навлезат во едукативната материја без да го нарушат текот на часот.
2. Меките вештини ќе останат во фокусот
Според извештајот Future of Jobs, едни од најважните вештини на работните места се токму меките вештини како:
- Креативност
- Критичко размислување
- Решавање проблеми
- Управување со луѓе
- Емпатија
- Eмоционална интелигенција
- Емоционална контрола
- Комуникациски вештини
- Интегритет
- Eтичка одговорност
- Прилагодливост
- Себе-мотивација
- Самосвесност
Во целта да ги подготват учениците за нивните идни кариери, училиштата треба да воведат активности за да им помогнат на учениците да ги подобрат меките вештини.
3. Намален распон на вниманието
Како што се зголемува користењето на технологијата, така се намалува и распонот на вниманието кај учениците.
Ако порано еден ученик можел да го задржи своето внимание во просек 12 секунди, сега ова време е намалено на 8 секунди.
Овој пад на вниманието се должи на постојаната стимулација што технологијата им ја нуди на учениците.
За да го задржат вниманието на учениците, наставниците треба да подготват часови што ќе бидат визуелни, интерактивни и со компетитивен карактер.
4. Наставниците како поддршка на учењето
Со голем број на информации достапни со само еден клик, учениците денес ги имаат потребните алатки за самостојно да дојдат до знаење.
Како резултат на тоа, улогата на наставникот полека еволуира во помагање на учениците да разберат како да учат, како да го засакаат учењето, како да ги откријат и разберат информациите што ќе ги најдат на интернет.
5. Доживотно учење како тренд
Тековната, четврта индустриска револуција веќе има влијание врз 50% од работните места. Големиот технолошки напредок го промени начинот на кој работниците ја вршат својата работа.
Без разлика на возраста, луѓето коишто сакаат да останат конкурентни на пазарот, ќе треба постојано да се преквалификуваат. Тие не треба да претпостават дека образованието што го стекнале ќе биде сè што им треба до крајот на нивниот работен век.
Наставниците треба да ги мотивираат учениците дека нивното учење не завршува со дипломирањето, туку трае цел живот.
За да дознаете повеќе за трендовите во образованието што ќе доминираат во 2022 година – https://hospitalityinsights.ehl.edu/education-trends-2022