Кога ви се брза и немате многу време за готвење, а сепак сакате да јадете нешто здраво и лесно, Cooking with Branko, Food Bar и Портрет со триесет секунди ќе го задржат вашето внимание и ќе ви понудат вкусен оброк.
Со поддршка од Портрет оваа пролетна кампања на Cooking with Branko и Food Bar, има за цел да покаже дека на едноставен и економичен начин може да се храниме здраво.
Изборот за денешното мени е веганска (посна) салата.
Потребни состојки:
• 100гр. Варен наут
• Една конзерва пченка
• Неколку чери домати
• Една свежа краставица
• Едно авокадо
• Едно парче црно лепче на коцки
• Една лажичка бибер
• Сецкана црвена пиперка
• Едно пакетче Италиана салата на Food Bar
• 1 лажичка посен мајонез
• Копар и кари
Начин на подготовка
Во голема чинија додадете „Италиана“ салата на Food Bar. Наутот оставете го да отстои во вода неколку часа, а потоа сварете го додека не омекнат зрнцата. Откако ќе истине додадете го во салата. Потоа исечкајте ги црвената пиперка и авокадото и додадете ги во чинијата. Свежата краставите излупете ја или измијте ја убаво и исечкајте ја на парчиња. Парчињата додадете ги во салатата. Свежите Food Bar шампињони исечкајте ги на тенки листови и додадете ги и нив во салатата. Исцедете ја водата од конзервата со пченка и додадете ја пченката и чери доматите во чинијата со салата. Со комбинација на кари, копар и посен мајонез направете крем сос кој што ке го додадете врз салата.