Ако има идеален период за уживање во салати, тогаш тоа е летото. Со толку многу сочен, сезонски зеленчук не можете да погрешите, а со експериментирање на нови комбинации на вкусови, салатите ќе ги претворите во вистински мали гозби.
Со летните салати, времето што го поминуваме во кујна е пократко, а комбинациите на јадења се уште поинтересни.
Одвоите малку време за брз и вкусен ручек, идеален за топлите денови, предлог на Cooking with Branko, Foodbar и Портрет – Ароматична и свежа салата од морски плодови, која ги комбинира сите традиции на медитеранската кујна.
Потребни состојки
• 250 гр, морски плодови
• 100 гр маслинки каламата сецкани
• 2 лажици сок од лимон
• 2 лажици сок од портокал
• 5 лажици маслиново масло
• 1 голема чешне лук
• свеж магдонос
• 1 лимон, исечен на парчиња
• 1 ситно сецкам кромид
• сол и свежо мелен пипер по вкус
• БЕБИ МИКС зелена салата или Ајсберг