По повод 21 година од првиот албум, Тони Зен издаде “премиум сет”, или кутија, која содржи два албуми на винил и две стихозбирки.
Едниот албум насловен “Од изворот на изборот”, е веќе издаден во 2019 година на цеде, но овој пат на винил, додека, новиот албум, 7ми по ред, ќе биде единствено на винил, насловен е 21/7-“Другата страна на изборот”
И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите.


Во албумот “Од изворот на изборот” текстовите се преведини и на англиски јазик исто така, во стихозбирките освен текстови, има и фотографии и јапонска калиграфија направена од Тони Зен, фотографиите се аналогни, со цел да се задржи автентичноста на ова издание или концепт, насловен “ИЗБОРОТ/ИЗВОРОТ”


Тони лично смета дека ова издание е неговото животно дело, истото го опишува неговиот духовен пат и развивање низ полето на музиката, културата, уметноста, животот воопшто.
Фотографија: Филип Шутаров
Дизајн: Харис Мурич

