“A Very Demure Evening Affair” е изложба која ќе се одржи во петок на 27ми Септември во 20ч. во галерија Пионери. Оваа изложба поврзува група на минималисти и фигуративци од различни делови на Европа. Секој од нив има посебен талент за создавање уметност, која преку суптилни линии и форми, поттикнува пријатна енергија и остава шармантен впечаток кај гледачот.
Погледнете ги делата на Витја Богданова од Хелсинки, која ќе ги претстави своите интимни мапи cо рапидограф и водени бои. Од Милано, Мартина Чиноти ќе претстави слики во масло со сувa четка. Ана Спасова од Скопје со линорез, сув печат, огледало инсталација и Билјана Јовановскасо цртеж со јаглен насловен Клити. Бисера Крцковска од Белград ќе изложи колекција колажи во мал формат. На изложбата од Болоња се надоврзува Аница Китаноска со современ мозаик, Илијана Алексоска од Скопје, со трансцендентни диптиси во акварел и Благица Трајкоска со голем формат масло на платно. Куратор на изложбата е Ева Николоска.
Галеријата Пионери се наоѓа на Теодосиј Гологанов 74а, од задната страна на Хомакс.