Залихите на патики од 70-тите и 80-тите постојано се зголемуваат веќе неколку сезони и не губат од популарноста. Едни од моделите што постојано се обновуваат се Adidas Gazelle моделите на патики кои за прв пат се појавија во 1966 како прва Адидас патика направена од велур. Некои велат дека го смениле текот на историјата на Адидас патиките; белите линии врз превртената обоена кожа ги однесе патиките во нова повозбудлива насока од дотогашните кожни алтернативи. Но 56 години подоцна патиките повторно станаа центар на внимание особено со соработката со брендот Гучи.
Иако со декади циркулираат помеѓу верните купувачи, сепак денес уживаат во вниманието, полека транзиционирајќи од секојдневни спортски патики кон модно парче откако во 70-тите кога ги носеа голем број музички икони, потоа хип-хоп ѕвездите од 80-тите и инди рокерите и моделите од 90-тите години.
Од луксузни соработки до потценети модели, постои богатство од „газели“ за сечиј вкус. Во прилог десет модели кои го заслужуваат вашето внимание сезонава и вреди да се имаат пред да престанат да се произведуваат.