Како медиум што ја почитува културата и јазикот, се радуваме и го поддржуваме овој значаен настан. За првпат во Македонија ќе се избира Збор на годината. Ова е уникатна можност да бидете дел од создавањето на јазичната историја на нашата земја. Заедно со Зборци ве повикуваме да учествувате и да го номинирате својот збор.
Со огромно задоволство го отвораме повикот за испраќање на нови зборови. Со испраќањето на зборот, земате учество во изборот и добивате можност токму вашиот збор да биде избран за Збор на годината. Најдобрите зборови ќе добијат шанса да станат Збор на годината на големиот настан што го подготвуваме во јуни, каде што нашето жири, составено од зборољубители на македонскиот јазикот, ќе го избере победникот. Ова ќе биде првата ваква манифестација во Македонија, а случајно или не, таа ќе се одржи токму во годината кога се навршуваат 80 години од стандардизацијата и кодификацијата на македонскиот јазик.
Победничкиот збор ќе биде претставен на свечениот настан, а условите за учество се наједноставни што може. Во биографијата на нашиот профил ќе најдете линк каде што можете да го испратите вашиот збор, заедно со објаснување на неговото значење и примери за негово користење во реченица. Со тоа, влегувате во изборот и добивате можност да станете добитник на наградата „Зборотворба на годината“. Рокот за испраќање е 01.05.2025. Очекуваме многу зборови – ако се бориш за зборот, ти веќе си зборец! Придружи се.
Линк за номинирање на збор за наградата ,,Зборотворба на годината”