Маските за лице повторно стануваат тема во разговорите за убавина, но не како мал домашен спа-ритуал, туку како вистински функционален чекор во модерната нега на кожата. Во време кога кожата е под постојан стрес од екрани, загадување, хормонални промени и недостиг од сон, маските стануваат таргетиран третман, а не само дополнителен чекор.
Клучното прашање денес не е која маска е највирална, туку: која маска навистина одговара на мојата кожа?
Сува и дехидрирана кожа
Што ѝ треба: интензивна хидратација, зајакнување на кожната бариера и „plump“ ефект.
Сувата кожа често изгледа затегнато, без сјај и побрзо ги покажува фините линии. За овој тип кожа најсоодветни се sheet и overnight маски со гел или кремаста текстура, кои обезбедуваат длабинска и долготрајна хидратација.
Што да барате во формула:
-хијалуронска киселина (во повеќе молекуларни тежини), колаген, глицерин и пантенол.
Препорачани маски:
Biodance Bio-Collagen Real Deep Mask е маска што може да се носи со часови или преку ноќ, со постепена апсорпција и ефект што трае и по отстранувањето.
Dr. Althea Jelly Seal Dewy Mask е добар избор за моментален „glass skin“ изглед – лесна, хидратантна и без леплив финиш.


Мрсна и комбинирана кожа
Што ѝ треба: прочистување без пресушување, контрола на себум и визуелно помазна текстура
Најчестата грешка кај мрсната кожа е агресивното сушење. Современите формули, напротив, се насочени кон баланс – чистење без нарушување на кожната бариера.
Што да барате во формула:
-глина (каолин или вулканска), зелен чај и ниацинамид.
Препорачани маски:
Innisfree Super Volcanic Pore Clay Mask е класика за длабинско чистење на порите, но со формула што не ја остава кожата затегната.
Knours PDRN Rice & Green Tea Glowing Peel-Off Mask нуди комбинација од себум контрола, смирување и видлив сјај, со дополнителен „satisfying“ peel-off ефект.


Чувствителна кожа
Што ѝ треба: смирување, нежна ексфолијација и формули без иритации
Кај чувствителната кожа важи правилото „помалку е повеќе“. Маските треба да бидат нежни, но ефективни, без силни киселини и агресивни активи.
Што да барате во формула:
-ориз, мед, пантенол и ферментирани состојки.
Препорачана маска:
Beauty of Joseon Ground Rice and Honey Glow Mask е wash-off маска што нежно ја израмнува текстурата и ѝ дава природен сјај на кожата, без црвенило или чувство на пецкање.


Зрела кожа
Што ѝ треба: регенерација, еластичност и поддршка на природната обнова
Кај зрелата кожа фокусот не е на моментален ефект, туку на долгорочно подобрување. Затоа overnight маските се меѓу најдобрите сојузници.
Што да барате во формула:
-антиоксиданси, билни екстракти и состојки што ја поддржуваат регенерацијата.
Препорачана маска:
Sulwhasoo Overnight Vitalizing Mask делува додека спиете и со континуирана употреба придонесува за подобар тонус, еластичност и порамномерна текстура.


Кожа без сјај и со нерамномерен тен
Што ѝ треба: осветлување, свежина и визуелно порамномерен тон
Овој тип кожа често не е проблематичен, туку едноставно уморен. Маските со витамин C и растителни екстракти помагаат во враќање на свежината и здравиот изглед.
Препорачана маска:
Hanyul Yuja Vitamin Sleeping Mask е overnight формула што постепено го подобрува сјајот и ја освежува кожата до утрото.




