На 24 декември, во Станица 26, љубителите на музиката ќе имаат можност да присуствуваат на концертот „Transmission“, уникатен проект кој го спојува традиционалното и модерното, акустиката и електрониката.
Концертот го одбележува 20 години музичко другарување на Александар Петров и Васил Хаџиманов. Првиот дел ќе биде посветен на кавадаречки музички херои – дедо Васил Хаџиманов, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Зафировски Хаџиманов – и на композиции од 2005 година, во придружба на Тања Царовска.
Вториот дел ги претставува современите електронски звуци на Александар, опишани како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.
Настапуваат во живо:
Васил Хаџиманов, Тања Царовска, Александар Петров, Васиљевич и Шаревски.
Време и место: 24 декември 2025 (среда), почеток 20:00, Станица 26, Скопје.
Билети: Достапни во продажната мрежа во: Сома, кафе бар Погон, гостилница Чашка, Три Китчен и Станица 26.

