Овој викенд, љубителите на добар десерт и врвна кујнска технологија имаа прилика да уживаат во вистинско гастрономско искуство. Во Premium Appliances – единствениот специјализиран продажен салон за BOSCH во Македонија – се одржа ексклузивен „тирамису бранч“, инспириран од италијанската класика и предводен од шеф Дејан Христовски.
Целта на овој пријатен и креативен настан беше промоцијата на најновиот кујнски апарат на Bosch – MUM 6, повеќенаменски кујнски робот кој ветува целосна трансформација на домашното готвење. Гостите, меѓу кои и познати македонски food & cooking инфлуенсерки, имаа можност одблиску да се запознаат со сите предности на овој уред, додека уживаа во подготовката – и дегустацијата – на совршено кремасто тирамису.
Она што веднаш се забележува кај MUM 6 е неговиот мотор од 1.600 W, што е значително надградена моќност во споредба со претходниот модел, MUM 5, кој имаше 1.000 W. Ова значи дека MUM 6 не само што побрзо и поефикасно ги изведува задачите, туку може да се справи и со поголеми количини и потешки смеси – како тесто за домашен леб, што за многумина е вистински предизвик.
Со капацитет од 6.2 литри, новиот модел овозможува подготвување на до 3.5 кг смеса, што е идеално за поголеми семејства или за оние кои сакаат да готват однапред и рационално да го организираат времето. Сето тоа се дополнува со 7 брзини, функција за пулсно мешање, и низа додатоци кои се мијат во машина – што значи помалку време за чистење и повеќе време за уживање во готвењето.
Во контекст на современото секојдневие, кога времето е луксуз, ваквите уреди не се само погодност – тие се нужност. Кујнски роботи како Bosch MUM 6 не само што го скратуваат времето за подготовка, туку ја намалуваат физичката напорност, ја зголемуваат прецизноста и нудат конзистентност на резултатите – нешто што ретко се добива со рачна подготовка. Уредите од ваков тип овозможуваат и почетниците да се чувствуваат самоуверено во кујната, а искусните готвачи да експериментираат со повеќе рецепти и техники.
Настанот беше и своевиден потсетник дека технологијата не треба да ја оддалечува човечката рака од готвењето – туку да ѝ помага, да ја олеснува, и да овозможува креативност без стрес. Bosch уште еднаш потврди зошто е синоним за доверба во кујната – со уреди кои не само што работат беспрекорно, туку и инспирираат.
Сите заинтересирани за лично искуство со MUM 6 можат да го посетат продажниот салон Premium Appliances на ул. Орце Николов 202, зад комплексот МИДА во Скопје.