Швајцарската радио станица „Couleur 3“ емитува целодневна програма направена целосно од вештачка интелигенција во четврток, почнувајќи од 6 часот наутро на 27 април, објави станицата на Твитер.
„Денес нема да ги слушнете вистинските водители на „Couleur 3“. Роботите го преземаа студиото и нивниот глас“, напишаа тие на Твитер.
Од овој експеримент се исклучени само вестите, соопшти радио станицата.
Програмата на музичкиот канал на јавниот швајцарски радио и ТВ радиодифузер РТС на француски јазик е произведена со помош на програмата говорен робот „ChatGPT“, која предизвикува различни коментари во јавноста од крајот на минатата година, пренесува ДПА.
Слика: Le Temps