Халкбанк, банката што посветено известува засвоите услуги на исклучително креативни начини, повторно најде нов агол преку кој зборува за уште еден продукт со најдобри услови на македонскиот пазар – станбениот кредит со животно осигурување.
Што го прави твој дом станот во кој живееш? Од каде се почнува со тоа, како се отплеткува тоа клопче од прашања? Ова се некои од прашањата што Халкбанк ги одговара заедно со вистински луѓе од секојдневниот живот, кои со себе носат вистински приказни во новата кампања за станбен кредит што осамна неодамна.
Во кратките, но неверојатно живописни видеа на Халкбанк, четворица наши сограѓани ги отвораат вратите на своите домови на непосреден начин и од прво лице еднина го раскажуваат патот на кој еден празен простор,со љубов, трпение и поддршка го добива својот изглед на вистински дом.
Целта на овој искрен пристап кон начинот на кој се создава дом и се решава станбеното прашање е да ги мотивира сите оние што пред себе го имаат предизвикот наречен избирање нов стан и негово финансирање.
Со идеални услови, како што се: износ до 300 000 ЕУР, максимален рок на отплата до 360 месеци, фиксна каматна стапка почнувајќи од 3 % за првите 5 годиниили од 3,4 % фиксна за првите 10 години, станбениот кредит на Халкбанк заслужено се нарекува најпопуларенстанбен кредит на нашите простори.
Погледнете го првото видео од серијалот со графичката дизајнерка/уметница Вања Штркова: